„Ова не е предвидување, ова е нешто што е логично да се очекува“, рече Вучиќ, додавајќи дека има 81 лице на респиратори.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 април, 2020 20:18

ВУЧИЌ: Во следните 72 часа очекуваме зголемување на заразени и смртни случаи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во следните 72 часа очекуваме зголемување на заразени и смртни случаи, рече вечерва на прес конференција претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Ова не е предвидување, ова е нешто што е логично да се очекува“, рече Вучиќ, додавајќи дека има 81 лице на респиратори.

Вучиќ рече дека повеќе случаи доаѓаат од Белград, Ќуприја, Чачак и Валјево.

Дел од мерките ќе бидат затегнати, дел ќе бидат олеснети затоа што сметаме дека направивме добра работа од 13 март, но далеку сме од успешни. Сметаме дека бевме близу до апсолутна катастрофа “, рече Вучиќ.

Нова мерка што важи од вечерва е дека не може повеќе од две лица да се соберат на едно место.

Максимално двајца луѓе да има на едно место, полициски час со забрана за движење на граѓаните од сабота во 13 часот до понеделник во пет часот и шетање на домашните миленичиња од 23 часот до еден часот по полноќ се најновите мерки во заштита од коронавирусот, соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до нацијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Пред три години, Србија избра претседател кој воспостави и спроведува политика на воена неутралност.

Вулин: Откако Вучиќ е шеф на државата, Србија е ПОДОБРА И ПОСИЛНА, а граѓаните се побезбедни!

Претседателот на социјалистичкото движење, Александар Вулин, вели дека Србија е подобра...

Мислам дека светот за 6 месеци се промени со голема брзина, отколку во претходните 20-30 години.

СВЕТОТ ПОСЛЕ КОРОНА ВИРУСОТ: Вучиќ- Светот се промени повеќе за 6 месеци отколку во последните 20 години

Меѓународната конференција „Светот после корона вирусот“ започна во Белград, во...

Авиокомпанијата го прекина сообраќајот кон средината на март, додека дел од возниот парк продолжи да лета, но не во патничкиот сообраќај, туку во транспортот на медицински материјал.

АВСТРИЈСКАТА АВИОКОМПАНИЈА СТАРТУВА ЛЕТОВИ: Од 15 јуни ќе започнат летови до 37 дестинации!

Од 15 јуни австриската авиокомпанија AUA ќе ги обнови закажаните летови кои беа прекинати...