Српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделник, 1 февруари, ќе престојува во работна посета на Франција.
Како што беше соопштено од неговиот кабинет, Вучиќ во Париз ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Ќе присуствува и на ручек организиран од францускиот претседател!
Денеска пред заминивањето во Париз, српскиот претседател се огласи на инстаграм!
На пат кон Париз. Не очекуваат важни разговори за Србија и теми од Косово и Метохија, европскиот пат на Србија и изградбата на метрото во Белград. Да живее српско-француско пријателство – напиша Вучиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.