Вучиќ вели дека загадувањето и загадениот воздух се користат за политички цели и дека се прави голема фама без потреба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јануари, 2020 10:28

Вучиќ за загадениот воздух: Се работи за хистерија, синот го шетам надвор најнормално, не претерувајте

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ беше гостин во утринската програма каде имаше дебата со познатата водителка Јована Јоксимовиќ на тема загадувањето во Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека злоупотребата за вестите со загадувањето е само за политички цели.

Вучиќ вели дека загадувањето и загадениот воздух се користат за политички цели и дека се прави голема фама без потреба.

-Трите деца ми живеат во најзагадениот дел во Нов Белград. Малиот Вукан редовно го шетаме надвор најнормално. И мене така ме шетаа. Се работи за хистерија. Не живеат моите деца којзнае каде туку овде. Пијат исто млеко дишат ист воздух-објасни Вучиќ.

Инаку вчера според најновите податоци на сајтот Ер Вижуал, кои го прикажуваат загадувањето во светот Белград беше најзагаден град во Европа, петти најзагаден град во светот.

Индексот за квалитет на воздухот се влошува. Во Ваљево, според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина, концентрацијата на ПМ-10 и ПМ-2,5 честици надминува 300 нанограми на метар кубен и тој град е означен дека има „многу нездрав воздух“, а утринава спаѓаше во категоријата „опасен по здравјето.“

Надлежните од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ по оваа вест вчера порачаа дека нема потреба од паника. Тие потсетија дека должност на граѓаните е да се придржуваат до мерките за заштита.

– Ова ги вклучува луѓето со хронични респираторни заболувања и со кардиоваскуларни заболувања, мали деца и постари лица, порачаа од Батут.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Според најновите податоци, над 70.000 Срби престојуваат во соседната крајбрежна држава, а по жалбата на Кризниот штаб поради тешката епидемиолошка состојба, повеќето од нив се решиле да се вратат.

Србите ја блокираа границата со Црна Гора: Српските туристи масовно се враќаат дома

Од утрово има огромна гужва на граничниот премин Јабука со Црна Гора, а десетици возила...

Тој исто така изјави дека само со целосно учество, одговорност и соработка, „можеме да ја зајакнеме довербата и напредокот кон целта највисоките вредности на демократијата да бидат реалност на секој поединец“.

СЕ ОГЛАСИ ЃУКАНОВИЌ: Изборите покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија!

Неодамнешните парламентарни и локални избори го потврдија напредокот во демократскиот...

Имено доктор Глиќиќ е една од оние кои не веруваат во нештото додека не е научно докажано, па така таа избегнуваше било какви прашања поврзани за теми кои научно не се докажани.

Д-р Глигиќ: Никој кој чува мачка не се заразил од коронавирус!

Истакнатата српска докторка, виролог Ана Глигиќ во едно гостување посочи дека не е...