
Свет
Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека е во секојдневен контакт со лекарите и дека ако добие некаков симптом ќе биде тестиран на вирусот корона.
Одговарајќи на прашањата на новинарите во Ниш, Вучиќ рече дека смета дека е важно да се известат луѓето дека неговиот син Данило е заразен од корона вирус и се надева дека наскоро ќе „оди на Саемот“, а потоа да си оди дома.
На прашањето на новинарите дали тој бил тестиран, Вучиќ рече:
„Нема проблем, кажете: Ни пречиш што си жив и во ред е, тоа го разбирам. Но немојте да истакнувате контрадикторни работи како аргументи, затоа што ги нема и немојте да ги прашувате лекарите за мене, туку прашајте ме мене.
И немојте да кажувате дека ви е важно да ги слушате лекарите, туку дека доаѓате да ги прашате само зошто Вучиќ е ваков или онаков. Дојдете прашајте ме мене, јас ќе ви одговорам, мене не можете да ме победите со аргументи и факти“, изјави Вучиќ во Ниш.
На прашањето кога последен пат го виде својот син, Вучиќ рече:
“Го видов син ми, го сакам бескрајно и поради тоа нема да се правдам. Но, јас бев на безбедно растојание”.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.