Вучиќ истакна дека луѓето го сакаат и почитуваат а тој ќе продолжи да ја работи својата работа и да разогвара со граѓаните, пренесува „Б92“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 декември, 2019 15:07

Вучиќ: Луѓето ме сакаат и почитуваат, не ме викаат п*деру’ и не велат дека сум Хитлер!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ кој воедно е и претседател на Српската напредна партија (СНС) рече денеска се обрати до новинарите и посочи дека ќе присуствува само на неколку од стотината предвидени собири на својата партија.

Вучиќ истакна дека луѓето го сакаат и почитуваат а тој ќе продолжи да ја работи својата работа и да разогвара со граѓаните, пренесува „Б92“.

Александар Вучиќ е српски политичар кој од 31 мај 2017 е претседател на Република Србија. Вучиќ претходно бил министер за информирање во владата на Мирко Марјановиќ во периодот 1998–2000 како член на Српската радикална партија. Во 2008 станал член на Српската напредна партија на Томислав Николиќ, а откако Николиќ во 2012 станал претседател на Србија, Вучиќ го преземал челното место во партијата. По парламентарните избори во 2012, Вучиќ станал министер за одбрана и вицепремиер во владата на Ивица Дачиќ (2012–2014). По победата на неговата партија на парламентарните избори во 2014, Вучиќ станал премиер на Србија. На таа позиција останал до 2017, кога победил на претседателските избори и во мај стапил на местото прв човек на државата.

На прашањето дали активностите во предизборната кампања ќе ги толкува како редовни активности на претседателот на државата, вучиќ исто така возврати со прашање. 

„Што ви пречи? Што ме сакаат луѓето?“, запраша Вучиќ а потоа одговори:

– Им благодарам на луѓето, разговарав со многу ‘обични’ граѓани. Ќе правам партиски собири, но никогаш во 10 или 11 претпладне, туку по работното време, можеби неколку собири, поради фактот што тогаш и јас ќе ја работам својата работа. Имам закажно патување во Кина, и тоа ќе го направам – рече тој.

Вучиќ истакна дека најверојатно на одредени медиуми им пречи тоа што луѓето го поздравуваат и не извикуваат по него погрдни зборови. Тој вели дека до сега ниту еден динар од државниот буџет не е потрошен па затоа луѓето го сакаат и поздравуваат.

– Ниту еден динар од државниот буџет не е потрошен. Што толку ве тишти што луѓето ме сакаат и не ми викаат ‘п*деру’ и не велат дека сум Хитлер – нагласи Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Генерал Хоџс, поранешен генерален командант на копнените сили на САД во Европа, рече дека државите имаат право да изберат снабдувачи на воена опрема и оружје.

Американскиот генерал за српскиот ПАНЦИР: Се прашувам од кого Србија треба да се брани?

ВАШИНГТОН, Наместо да купува скапи системи за оружје против непостоечки закани во...

Имено таа ја изведе химната на Хрватска на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ.

Јосипа Лисац заработи кривична поради несоодветно изведување на химната (ВИДЕО)

Пoзнатата хрватската пејачка Јосипа Лисац заработи кривична пријава за изведување...

Со тоа заврши церемонијата на инаугурацијата на Милановиќ како петти хрватски претседател.

Со цвеќе и бакнеж Милановиќ ја испрати Колинда: Хрватска сега официјално има нов претседател!

Зоран Милановиќ, новоизбраниот претседател на Хрватска, чиј мандат започнува на полноќ,...

Весникот пишува дека сосема би било логично, Макрон но и Германија да дадат зелено светло за почеток на преговори со Албанија и Македонија.

„Катимерини“: Иако Заев го стави знамето на НАТО пред Собрание, тоа нема да му донесе победа

Грчкиот весник „Катимерини“, денеска објави дека тоа што поранешниот премиер на државата...