Не знам чија идеја е тоа. Видов дека Црна Гора и Хрватска го усвоија тоа. Јас сум против. Секој човек би сакал да има загарантирано слободно време. Но, можеш ти, ама немој да ме тераш мене, јас сакам да работам - истакна тој.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јануари, 2020 12:12

Вучиќ: Најдобро да не работиме ништо, а платите да бидат високи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  вчера пред јавноста истакна дека воопшто не ја разбира но и не ја поддржува идејата за воведување забрана за работа во недела. Тој посочи дека Србија треба да го искористи тоа што нејзината економија се зајакнува побрзо од другите во овој момент и да не запира.

Вучиќ рече дека доколку се воведе недела како неработен ден, во тој случај вработените ќе бараат дане се работи и петок

– Не знам чија идеја е тоа. Видов дека Црна Гора и Хрватска го усвоија тоа. Јас сум против. Секој човек би сакал да има загарантирано слободно време. Но, можеш ти, ама немој да ме тераш мене, јас сакам да работам – истакна тој.

Тој истакна дека оваа мерка претходно не се покажа како добра во Црна Гора и во Хрватска.

– Сега кога имаме раст на економијата, треба да го поттикнуваме, да се фалиме дека работиме повеќе, а не помалку. Знам дека никој не сака да го слушне тоа, но тоа е вистина – рече тој.

Вучиќ рече дека освен маркетите има многу поважни претпријатија за економијата што треба да работат во недела, иако тоа не би им се допаѓало на вработените во маркетите.

– Се знае како се плаќа работата во недела. Немојте да спречувате да се работи во недела – порача тој.

Тој посочи дека доколку се воведе оваа мерка во тој случај граѓаните ќе почнат да се бараат да не се работи ни во петок, да не се работи од 7 до 16, потоа од 9 до 17 и така натаму.

– Најдобро да не работиме ништо, а платите да бидат високи. Не мислам дека е реално и никогаш не сум сакал да го мамам народот, такви одлуки не треба да носиме – рече тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Генерал Хоџс, поранешен генерален командант на копнените сили на САД во Европа, рече дека државите имаат право да изберат снабдувачи на воена опрема и оружје.

Американскиот генерал за српскиот ПАНЦИР: Се прашувам од кого Србија треба да се брани?

ВАШИНГТОН, Наместо да купува скапи системи за оружје против непостоечки закани во...

Имено таа ја изведе химната на Хрватска на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ.

Јосипа Лисац заработи кривична поради несоодветно изведување на химната (ВИДЕО)

Пoзнатата хрватската пејачка Јосипа Лисац заработи кривична пријава за изведување...

Со тоа заврши церемонијата на инаугурацијата на Милановиќ како петти хрватски претседател.

Со цвеќе и бакнеж Милановиќ ја испрати Колинда: Хрватска сега официјално има нов претседател!

Зоран Милановиќ, новоизбраниот претседател на Хрватска, чиј мандат започнува на полноќ,...

Весникот пишува дека сосема би било логично, Макрон но и Германија да дадат зелено светло за почеток на преговори со Албанија и Македонија.

„Катимерини“: Иако Заев го стави знамето на НАТО пред Собрание, тоа нема да му донесе победа

Грчкиот весник „Катимерини“, денеска објави дека тоа што поранешниот премиер на државата...