Претседателот на Република Србија денеска е во Брисел, каде учествува на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво.
Вучиќ рече дека следат најтешките прашања, според кои има целосно спротивставени ставови, што ќе ги направи разговорите комплицирани и тешки.
– Во секој случај, јас не сум незадоволен од денешната средба. Клучно за нас е да ги отстраниме бариерите, да овозможиме слободен проток на стоки, луѓе и капитал, рече Вучиќ обраќајќи им се на новинарите по состанокот.- Ќе биде комплицирано и тешко, но ние мора да продолжиме со нашите планови и нашата цел – рече претседателот.
– Чекаме да видиме колку пари ќе бидат дадени во наредниот месец и на колку инфраструктурни планови можеме да сметаме – додаде тој.
– Разговараме за сите важни теми со ЕУ, разговаравме за протокот на стоки, капитал и услуги, раселените лица и исчезнатите лица, ова се наши три најважни теми, и ова се суштински прашања за нашата земја – рече претседателот.
– Тоа е важно за нас, ние сме горди на тоа, и тоа е успех за нас, се согласивме за тоа и имаме увид во сите архиви, важно е да се вложат такви напори за да им се олесни на родителите, семејството, пријателите … Да ги пронајдат и да го закопаме како што треба, не смееме да заборавиме дека, сите наши, но и албански жртви, како што можете да видите, мислам на обете страни – рече Вучиќ.
Трета рунда разговори
Како што претходно беше најавено на денешната трета рунда од обновениот дијалог на високо ниво, лидерите треба да ја потврдат финализацијата на договорот за прашањето за исчезнати, иселени и економски односи и да отворат нови теми кои вклучуваат Унија на српски општини, заемни финансиски побарувања и имотни прашања.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.