Воениот рок во Србија се очекува да биде задолжителен за мажите, додека пак жените ќе може да служат доброволно
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека како врховен командант и претседател, денеска ја потпишал согласноста за извршување на редовен воен рок од два и пол месеци (75 дена). Тој порача дека верува оти српската Влада ќе ја донесе таа одлука, оти на Србија и е потребна силна армија.
„Сакам да верувам дека сите разбирате колку ни треба силна армија, уште колку оружје ќе треба да купиме, да правиме, да создаваме. Затоа што не е наша желба да нападнеме некого. Ниту ќе го направиме тоа. Но, нашата желба е да ги одвратиме сите оние кои секојдневно ни се закануваат“,рече Вучиќ.
Потпишувањето на согласноста следува по вчерашната изјава на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ кој кажа дека тој лично целосно го поддржува враќањето на задолжителниот воен рок и оти српската Влада е подготвена доколку постои политички и општествен договор, ваков предлог-закон да се најде пред пратениците на гласање.
„Владата е подготвена многу брзо да оди со тој предлог до Народното собрание и кога ќе бидат исполнети логистичките и административните услови да започне со него во 2025 година. Јас како премиер и целата влада силно го поддржуваме она што претседателот (Вучиќ) го најави, а тоа е дека сериозно се приближуваме кон евентуалното донесување правен акт за укинувањето на суспензијта на воениот рок“, изјави вчера Вучевиќ.
Воениот рок во Србија се очекува да биде задолжителен за мажите, додека пак жените ќе може да служат доброволно. Во Србија, задолжителен воен рок претходно беше укинат во 2011 г.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.