– За ова време откако се бориме со корона вирусот сватив колку е важно дека нема ништо поважно од тоа вашите деца да бидат здрави, рече Александар Вучиќ, во гостувањето на РТС.
Ноќта кога го однесов син ми во болница, имаше треска и висок крвен притисок, бев исплашен цело време. Посакав да ме нема, само сакав да биде добро со него. Верувај ми, не знаев што да правам со себе.
Поминав низ лично искуство, го изгубив мојот пријател Владо Бјелогрлиќ. Тој е 5 години помлад од мене, прекрасен човек, физички силен и паметен.
Сакам да им кажам на нашите постари граѓани дека сега ќе се грижам за сите здравствени установи уште повеќе, ќе се обидам да ги подигнам уште повеќе платите за здравствени работници.
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.163.323 лица. Од нив починале 219.332, а оздравеле 975.925 луѓе.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.