
Свет
Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја слави најпопуларната слава Свети Никола!
Утрово, како и секој домаќин што го слави овој светител, донесе славски колач во црквата со машкиот дел од семејството!
Претседателот беше заедно со неговиот брат Андреј и постариот син Данило во 7.15 часот утрово во црквата Свети Марко, во центарот на Белград.

Денеска на 19 декември, православните верници во ја празнуваат најчестата слава, Свети Никола.
Станува збор за посна слава, па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба.
Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.
Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.