Србија „ќе мора да донесе стратешки одлуки и стратешки да преиспита некои работи“

Објавил: Македонка Димкин | 7 октомври, 2022 18:00

Вучиќ: Србија веќе донесе одлука за увоз на нафта, утре ќе се обратам на јавноста

Фото/Текст извор: ©magazin

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија веќе донела одлука за увоз на нафта доколку поради Хрватска не може да се снабди со руска нафта преку хрватскиот гасовод Јанаф и дека утре ќе ја информира јавноста за тоа, како и одговорот на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Хрватска себе се иззема од санкциите за увоз од Русија како дел од последниот пакет санкции и затоа не треба да зборува за принципи и морал, изјави српскиот претседател кој истакна дека гасоводот Јанаф беше сигурен снабдувач, но веќе не е, додавајќи да Србија плаќала од 45 до 48 милиони евра годишно за неговото користење и дека сега на Белград е да ги преземеме следните чекори за обезбедување на нафта.

Вучиќ одговарајќи на новинарски прашање поврзано со санкциите оцени дека „Србија, вовела или не вовела санкции, веќе е дел од Европската политичка заедница“.

– Имаше многу од нив кои зборуваа за санкции, но никој директно. Сите јавно бараат од нас да воведеме санкции кон Русија, јас тоа го разбирам и прифаќам како политички легално и легитимно барање. Воведовме или невоведовме санкции, ние сме дел од Европската политичка заедница. Како што видовте, ние не ги воведовме, така што бевме дел, многу важен дел бидејќи во нашиот панел (во Прага) беа канцеларот на Германија и премиерот на Италија и претседателот на Швајцарија и премиерот на Норвешка, токму таму каде што бев, иако не го избравме она за кое најмногу се зборува, што носи најмалку решенија, а тоа е мирот и безбедност, туку ние бевме на енергетскиот форум, рече Вучиќ.

Во врска со утрешното обарќање на јавноста на српскиот претседател, се огласи премиерката Ана Брнабиќ објаснувајќи ја својата претходна изјава дека Србија „ќе мора да донесе стратешки одлуки и стратешки да преиспита некои работи“ поврзани со енергетиката, најавувајќи дека во текот на денот ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за да разговара и за тоа, и дека верува дека в сабота за тоа ќе зборува и Вучиќ.

– Веројатно, како што сега сите земји градат алтернативни рути, „гасоводи и тоа“, мора да се обидеме да создадеме алтернативни патишта за нафта, бидејќи имаме несигурен снабдувач и земја која сака да ги користи енергетските капацитети за политички цели, рече Брнабиќ и посочи дека тоа е нејзино гледање на ситуацијата и дека не може однапред да зборува за денешната средба со Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод утрово снег паѓа и во низините. Паѓа во Огулин, кој, како што можете да видите на насловната фотографија, побеле.

ФОТО: Во Хрватска над 30 сантиметри снег – се расчистуваат автопатите

И утрово во дел од Хрватска врне снег, додека во останатиот дел од земјата има дожд...

„На јавна расправа го испраќаме Законот за дополнителен данок на добивка. Тоа значи дека оние кои имаат повеќе ќе им помогнат на оние кои имаат помалку. Сметаме дека ваквиот вид данок би бил солидарен придонес“, кажа Пленковиќ на седница на владата, додавајќи дека „не станува збор за казнување на оние кои се успешни“.

Министерот за финансии Марко Приморац на конференција за медиумите ги изложи деталите на предложениот закон, наведувајќи дека тој данок пред сè е наменет за редистрибуција на профитот на даночните обврзници кои ќе остварат значително поголеми нивоа на добивка во однос на четиригодишниот просек.

Тој потсети дека во хрватскиот даночен систем за добивката веќе постојат две стапки и два прага, а со новиот данок во оваа кризна ситуација фактички се воведуваат уште еден праг и уште една стапка.

„Оние чиј приход е поголем од 300 милиони куни (39,7 милиони евра) ќе плаќаат данок на екстра профит. Тие ќе имаат стапка од 18 отсто данок на добивка, и дополнителен данок кој ќе зависи од нивото на профит во 2022 за оние што ќе бидат за 20 отсто над просекот во последните четири години“, кажа Приморац.

Според него, кога сè ќе се собере ако некому добивката во 2022 му била, на пример, 50 отсто поголема во однос на четиригодишниот просек, неговата ефективна стапка на данок на добивка би била 24 отсто, а на оној чија добивка пораснала 100 отсто во однос на последните четири години, ефективната даночна стапка ќе му биде околу 30 отсто.

Хрватска воведува данок на екстра профит

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави воведување данок на екстра профит во таа...