Различни странски служби се мњшале во политичкиот и медиумскиот живот во Србија

Објавил: admin@magazin | 4 август, 2018 15:19

Вучиќ: Странски сили се мешаат во политиката на Србија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Српскиот претседател, Александар Вучиќ по седницата на Советот за безбедност и потоа по средбата со српскиот патријарх Иринеј изјави дека во изминатите денови е забележано „агентурно дејствување од разни центри на моќта, во смисла дека нешто страшно се `крчка`, како страшните злосторници од Белград со нешто помалку страшните злосторници во Приштина нешто подготвуваат“, отфрлајќи ги наводите за договорен инцидент меѓу Белград и Приштина.

Вучиќ кажа дека на седницата се донесени повеќе важни мерки, одлуки и предлози за Владата и за силите за безбедност, со цел зајакнување на борбената готовност и подготвеност за сите идни предизвици, додавајќи дека некои одлуки не се за јавноста.

Ние подбро ќе се подготвуваме, ќе одговараме посериозно и ќе го чуваме мирот и стабилноста, и со нас нема да се шегува целиот свет заради тоа што некој не ги исполнил своите обврски од Бриселскиот договор, изјави Вучиќ пред новинарите, додавајќи дека „ќе се настојува да се засили преговарачка позоција на Србија.“

Одговарајќи на прашањето за „агентурните дејствувања“, Вучиќ рече дека „надлежните српски служби добиле конкретни задачи по ова прашањ“.

Станува збор за различни странски служби, и нашите агенции се занимаваат со оваа работа, рече тој,, додавјќи дека „странските служби се мешале во политичкиот и медиумскиот живот“, доведувајќи ја Србија во положба што сега мора да одговара на трачеви, а не за неспроведувањето на единствената обврска на Приштина-формирањето на Заедницата на српски општини.

На прашањето на новинарите да објасни -што е тоа конечно компромисно решение, Вучиќ кажа дека „конечно решение ќе биде тогаш кога ќе биде конечно, но не пред тоа и за тоа ќе говорам ако биде можно да се дојде до такво решение. Засега такво решение нема и не го ни имаме добиено. А дали е на повидок? Мислам дека не е. Не сум оптимист за ова“, изјави Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод утрово снег паѓа и во низините. Паѓа во Огулин, кој, како што можете да видите на насловната фотографија, побеле.

ФОТО: Во Хрватска над 30 сантиметри снег – се расчистуваат автопатите

И утрово во дел од Хрватска врне снег, додека во останатиот дел од земјата има дожд...

„На јавна расправа го испраќаме Законот за дополнителен данок на добивка. Тоа значи дека оние кои имаат повеќе ќе им помогнат на оние кои имаат помалку. Сметаме дека ваквиот вид данок би бил солидарен придонес“, кажа Пленковиќ на седница на владата, додавајќи дека „не станува збор за казнување на оние кои се успешни“.

Министерот за финансии Марко Приморац на конференција за медиумите ги изложи деталите на предложениот закон, наведувајќи дека тој данок пред сè е наменет за редистрибуција на профитот на даночните обврзници кои ќе остварат значително поголеми нивоа на добивка во однос на четиригодишниот просек.

Тој потсети дека во хрватскиот даночен систем за добивката веќе постојат две стапки и два прага, а со новиот данок во оваа кризна ситуација фактички се воведуваат уште еден праг и уште една стапка.

„Оние чиј приход е поголем од 300 милиони куни (39,7 милиони евра) ќе плаќаат данок на екстра профит. Тие ќе имаат стапка од 18 отсто данок на добивка, и дополнителен данок кој ќе зависи од нивото на профит во 2022 за оние што ќе бидат за 20 отсто над просекот во последните четири години“, кажа Приморац.

Според него, кога сè ќе се собере ако некому добивката во 2022 му била, на пример, 50 отсто поголема во однос на четиригодишниот просек, неговата ефективна стапка на данок на добивка би била 24 отсто, а на оној чија добивка пораснала 100 отсто во однос на последните четири години, ефективната даночна стапка ќе му биде околу 30 отсто.

Хрватска воведува данок на екстра профит

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави воведување данок на екстра профит во таа...