Казната ќе ја сносат двајцата кои се осомничени за внесување на моторни пили во зградата на РТС, а додека пак третиот осомничен е за напад на полицаец.

Објавил: Сара Фемина | 19 март, 2019 20:58

Вучиќ ќе ги аболицира насилниците кои носеа моторни пили во упадот на РТС ?

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Поради упадот во зградата на РТС во саботата за време на емитувањето на дневникот, покрај осомничените кој ќе одговараат кривично, 6 лица се осудени на 30 дневна затворска казна.

Основниот Суд во Белград, го одби предлогот на основното обвинителство да одреди притвор за тројцата осомничени за насилничкото однесување, кога толпа на повеќе лица насилно влегоа во зградата на радио телевизијата РТС. Осомничените ќе се бранат со слобода.

Одбиен е предлогот за одредување на притвор на  U.S, M.P. i M.Č, рече денеска портпаролката на судот, Бојана Станковиќ.

Обвинети се две лица за внесување на моторни пили во зградата на РТС, а додека пак третиот осомничен е за напад на полицаец. Сите се теретат за кривично дело насилничко однесување на јавен собир.

Поради упадот во РТС, во саботата кога се емитуваше дневникот на РТС, покрај овие осомничени кои ќе одговараат кривично, има одредено 30 дневен притвор и на уште 6 лица поради дрско и безобразно однесување, од Законот на јавен ред и мир, а на уште еден му е одредена парична казна од 20.000 динари.

Сите се осудени под итна постапка и веќе се сместени да издржуваат затворска на казна од 30 дена.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека утре ќе ги прегледа сите кривични пријави, но не сака ништо да коментира додека не се запознае со деталите за случајот. Сите се осудени под итна постапка и веќе се сместени во затвор на казна од извршување од 30 дена.

Вистински xaoc се случуваше пред два дена во Белград, Србија откако опозицијата по сценариото од Македонија започна со насилничка „револуција“. Демонстрантите влетаа во државниот телевизиски сервис РТС со моторни пили и почнаа да кршат врати, а надвор гореа неколку автомобили.

Учесниците на протестот “Еден од пет милиони”, кој се предводени од лидерите на опозицијата, yпаднaa во зградата на Радио Телевизија Србија пред неколку денови и побараа вклучување во програмата во живо, за граѓаните да видат што се ќе се случува.

Во зградата на РТС беа присутни припадниците на полицијата, а влезот во зградата на РТС беше блокиран. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Во хеликоптерот се наоѓале двајца членови на екипажот, кои спрема докторските прегледи немаат тешки повреди и се наоѓаат вон животна опасност.

СЕ СРУШИ ВОЕН ХЕЛИКОПТЕР ОД АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА!

Хеликоптер „Газела„ кој е во сопственост на Армијата на Република Србија, се сруши...

Некогашната фудбалска легенда, неодамна направил детални медицински тестови и докторите го советувале дека лечењето треба да го ппродолќи со агресивен третман.

ШОК ВЕСТ: Фудбалската легенда, Синиша Михајловиќ ја прекинува кариерата, ОТКРИЕНА МУ Е ЛЕУКЕМИЈА!

Синиша Михајловиќ српски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната, кој во моментов...