Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето гостување на српската телевизија „Хепи“ даде осврт и на неодамна одржаниот референдум за промена на уставното име на Македонија.
-Нема да си играм како во Македонија народот вика не, а во собранието се изгласа за. Во Србија да се одржеше референдум и да изгубевме ќе си дадев оставка и ќе речев граѓаните се против и не можам да одам против тоа, потенцираше српскиот претседател во своето интервју.
Оваа изјава на српскиот претседател покажува како се сфаќа политиката во светот и како се почитува волјата на народот. Тој напомена дека ако во Србија би имало референдум ќе ја почитува волјата на народот и нема да си игра со народот како во Македонија со консултативен референдум.
https://www.youtube.com/watch?v=NTOw_2r_Xns
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.