Сонот на сите генерации наназад конечно се оствари, па одбојкарите конечно ќе имаат можност да се надигруваат со најдобрите европски селекции.

Објавил: Перо Милчин | 10 јануари, 2019 15:34

Вчера ечеше “МАКЕДОНИЈО ТИ СИ БИСЕР БАЛКАНСКИ”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Македонската одбојкарска репрезентација дочека да игра на Европско првенство. Со победата од 3-0 против Унгарија наесен ќе биде во друштво на најдобрите европски репрезентации.

Среќата конечно им се насмевна на нашите одбојкари и тоа на домашен терен под Кале. Публиката цело време навиваше а на крајот заедно со солзи во очите ја запеаја „Бисер балкански“.

По кошаркарите, ракометарите, младите фудбалери и одбојкарите ќе почустуваат како е да се биде дел од европски шампионат. Секоја чест, заслужија да се радуваат на успехот што го постигнаа.

Сонот на сите генерации наназад конечно се оствари, па одбојкарите конечно ќе имаат можност да се надигруваат со најдобрите европски селекции.
31-то Европско одбојкарско првенство ќе се одржува во четири земји, Словенија, Холандија, Белгија и Франција каде ќе се игра и завршницата, а во периодот од 13 до 29 септември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Македонскиот воин Даниел Стефановски доцна синоќа го совлада Јану да Круз на настанот Гладијаторс најтс во Цирих, Швајцарија.

МАКЕДОНСКИОТ ГЛАДИЈАТОР Даниел Стефановски освои нова СВЕТСКА БОКС ТИТУЛА- Круз падна на колена!

Македонскиот терминатор Даниел Стефаноски доцна синоќа освои трета светска титула...

Преговорите со легендата на словенечкиот ракомет Урош Зорман беа во завршна фаза, но двете страни не се договориле околу помошниците на тренерот.

ОФИЦИЈАЛНО: ОВА Е НОВИОТ ТРЕНЕР НА ВАРДАР!

Македонскиот и актуелен европски првак Вардар ја продолжува традицијата со ангажирање...

Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ во Вардар дојде во 2012 година и во овие седум години кај „црвено-црните“ имаше огромни успеси, со македонскиот шампион ја освои Лигата на шампионите.

(ВИДЕО) Со емотивно видео Игор Карачиќ се ЗБОГУВА од ВАРДАР

Играчот на Вардар, Игор Карачиќ, се збогува со емотивно видео од ракометниот европски...