Во цела држава

Објавил: Калина Мартинска | 11 февруари, 2025 13:14

Вчера 909 казни за сообраќајни прекршоци, еве за што најмногу биле казнети возачите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземајќи мерки согласно Законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила, на ниво на цела држава како резултат на превземените активности издадоа вкупно 909 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони.

-Истовремено, во текот на вчерашниот ден наплатени беа и 451 издадени платни налози. Во рамки на контролите најголем дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на нормите поврзани со пречекорување на брзината на движење – 270, како и непрописното паркирање – 222. Додека пак, веднаш зад овие неправилности следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 73; потоа некористење на сигурносен појас – 64; како и прекршоци по основ на забрането користење на мобилен телефон при возење – 41. Инаку вчера во 10 случаи детектирани се возачи кои што управувале под дејство на алкохол, а пак согласно Законот за возила биле евидентирани 15 технички неисправни како и 14 нерегистрирани возила, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи, односно неговите надлежни служби во делот на безбедноста во сообраќајот ќе продолжат со плански динамизираните контролно-превентивни активности во насока на анулирање на негативните безбедносни трендови во сферата на сообраќајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести