Со 71 глас „За“ и 11 воздржани, Вјоса Османи беше избрана за нова претседателка во Косово со 5-годишен мандат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 април, 2021 11:56

Вјоса Османи е избрана за претседател на Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранието на Косово вчера вечер избра претседател на државата.

Со 71 глас „За“ и 11 воздржани, Вјоса Османи беше избрана за нова претседателка во Косово со 5-годишен мандат.

Османи за нов шеф на државата беше предложена од редовите на владејачкото Движење самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти.

Констатирам дека Собранието на Република Косово ја избра г-ѓа Вјоса Османи-Садриу за претседател,  рече Глаук Коњуфца, претседател на Собранието.

Неодамна Лидерот за самоопределување Албин Курти беше избран за премиер на Косово по втор пат за помалку од една година.

Албин Курти беше избран за премиер на Косово со 67 гласа „за“ и 30 „против“, од 107 присутни пратеници. Српската листа и ПДК не гласаа за оваа влада. Владата има 15 министри, од кои единствен српски министер е Горан Ракиќ од Српската листа.

Куртија беше поддржана од 67 пратеници за позицијата премиер, 30 беа против и немаше воздржани.

Кабинетот на Курти ќе брои 18 члена, со 15 министри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Таа изрази надеж дека Косово наскоро ќе се снабди и со хеликоптери, кои на ФСК ќе му послужат и за спасување човечки животи во вонредни ситуации.

Во Косово пристигнаа 55 oклопни возила, донација од САД

Во најголемата косовска касарна, „Адем Јашари” денеска беше одржана свеченост по...

Според одлуката донесена на денешната седница на косовската Влада, исто така се скратува работното време на угостителските објекти, кои наместо до 22.30, во нардиниот период ќе можат да работат до 21 часот и 30 минути, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетите.

Косово воведе полициски час, влез во земјата со тест или сертификат

По зголемениот пораст на бројот на починати и новозаразени од Коид-19 во последните...

Поранешниот командант на ОВК во областа Кошаре, Хисен Бериша, вчера изјави дека по Словенија и Австрија, Хрватска нуди кауција за обвинетите во Хаг.

Хрватска нуди кауција за Тачи и другите обвинети во Хаг!?

Хрватската државна службеничка Ермина Љекај Прљаскај изјави дека Хрватска го поддржува...