Оваа дневна болница ќе биде на располагање на сите пациентки на коишто им е потребна интервенција.

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 јануари, 2021 16:11

ГАК доби нова Дневна болница со медицинска опрема

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ГАК доби нова Дневна болница со медицинска опрема.

Оваа дневна болница ќе биде на располагање на сите пациентки на коишто им е потребна интервенција.

ГАК доби нова Дневна болница со медицинска опрема.

 

Во следниот период, почнуваме постапка за набавка на современ хируршки апарат – роботска хирургија каква што нема во земјава, а ќе се користи најмногу од експертите од областа на гинекологијата и специјалистите уролози, рече министерот Филипче!

Преку ковакс системот земјава ќе ги добие првите вакцини против коронавирус.

„Вчера стигна писмото за најава од страна на Ковакс-механизмот дека е можно вакцините да стигнат на крајот на јануари или на почетокот на февруари.

Македонија веќе има испратено документи со кои потврдува подготвеност за чување на температура од -70 степени, со тоа властите бараат државата да се најде во првата група која ќе ја добие Фајзровата вакцина, а потоа следува Астра Зенека.

По три механизми по 800 илјади дози за 400 илјади граѓани. Значи вкупно милион и двесте илјади граѓани, блиску 60 проценти од населението, тоа е предвидување за колективен имунитет, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.