Како што информираа за Слободен Печат, оваа метода за која од ГАК тврдат дека се подготвени, требало да започне уште од минатата година но било одложено поради пандемијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2020 20:54

ГАК најавува: Наскоро абортусот ќе се извршува со таблетки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако медикаментозниот абортус минатата година беше ставен во Законот за прекинување на бременоста, денеска од ГАК најавија дека долгонајавуваната постапка за прекин на бременост со т.н. медикаментозен абортус наскоро ќе почне да се изведува на Клиниката за гинекологија.

Абортус или пометнување — прекин на бременост. За абортусот не постои единствено гледиште. Бранителите на абортусот своето гледиште го темелат на тоа дека жената има неотуѓиво право на своето сопствено тело. Темата на абортусот е централна во феминистичката теорија и во политиката. Аргументите за абортусот се темелат на ставот дека жената треба да има контрола над своето тело и моќ за самоопределување, бидејќи тие се најпогодени од репродукцијата и тие и треба да одлучат; според други гледишта абортусот претставува убиство. Сепак, правото на жената да избира е значајно и политички и индивидуално и значи повеќе од борба за права. Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тeк сличен на породувањето и ретко има компликации. Во нашата средина под абортус често се подразбира само намерен, со цел да се прекине бременоста – arteficialis. Предизвиканиот абортус е многу чувствителна тема и имa многу проблеми кои не можат да се запостават. Познато е дека во нашата земја се прават се повеќе абортуси и покрај тоа што многу приватни клиники не го пријавуваат тоа. Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себе си носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.

Наместо со хируршки зафат како досега, од сега прекинот на бременоста ќе се изведува со помош на лекови и ќе се изведува на почетокот на бременоста.

Гинеколозите велат дека во западните земји веќе одамна не се прави класичен абортус, туку бременостите со 12. недела се решаваат со оваа неинвазивна метода. Кај нас овие таблети се достапни на црниот пазар и се применуваат во неконтролирани услови во последните десетина години, но досега не беше најден начин тие да влезат во системот.

Како што информираа за Слободен Печат, оваа метода за која од ГАК тврдат дека се подготвени, требало да започне уште од минатата година но било одложено поради пандемијата.

Од Министерството за здравство велат дека примената на медикаментозниот абортус ќе почне прво како пилот-проект во родилиштата, а потоа ќе се планира негова поширока примена.

За да почне примената, треба да се регистрира препаратот, по што би можело прецизно да се утврди која од пилулите ќе биде ординирана кај матичниот гинеколог, до 9. гестациска недела.Оваа процедура треба да е во интеграција со најблиското родилиште за да може во случај на каква било компликација пациентката да биде згрижена, и покрај тоа што најмал ризик при прекин на бременост се очекува да се случи по медикаментозен прекин на бременост. Само на тој начин, во иднина ќе може да се обезбеди безбедна, регистрирана во системот процедура, како што е искуството и во другите земји“, објаснуваат министерството за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...