Масовно се споделуваат на социјалните мрежи и тоа не е ништо страшно, но еве, доколку ја навредило тоа од мене, ѝ се извинувам

Објавил: Сања Кукиќ | 15 април, 2019 16:57

Галетановски: Не сум ја навредувал Силјановска, таа секој ден има гаф!

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Ѓорѓи Галетановски, шеф на централниот штаб на претседателскиот кандидат од СДСМ Стево Пендаровски, реагира на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ од каде побараа тој да биде избркан од тимот на Пендаровски, бидејќи на „Фејсбук“ ја навредувал Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател поддржана од опозициската партија.

„Јас не сум шеф на штабот, туку сум одговорен за централниот штаб во Скопје. Лично, со име и со презиме не сум ја навредувал никаде. Гафовите што госпоѓата ги изјавува речиси секојдневно, масовно се споделуваат на социјалните мрежи и тоа не е ништо страшно, но еве, доколку ја навредило тоа од мене, ѝ се извинувам. Сепак, таа се кандидира за претседател на државата и се очекува да биде поконцентрирана и подецидна во говорот“, вели Галетановски.

Опозициската партија го обвини Галетановски за статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ со тврдење дека тој споделил видео од Силјановска, а потоа искоментирал дека треба да се

Галетановски врати на објава на статус на друг Фејсбук корисник.

лечи во „Бардовци“.

„Со ваквите коментари се омаловажува Силјановска и се дискредитира нејзината личност. Стево Пендаровски, пак, на телевизискиот дуел со Гордана Силјановска-Давкова негираше дека кој било од неговиот тим ја навредувал Сиљановска, очигледно играјќи на краткото паметење и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Сиљановска од кој било од неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателскиот кандидат поддржан од ДУИ и СДСМ Стево Пендаровски на дебатата во Сител јавно вети дека ако некој во неговиот тим ја навредувал професорката Гордана Силјановска веднаш ќе го избрка од кампањата.

Бев шокиран од содржината на спотот против мене. Но да бидам дециден, во мојот штаб, луѓето кои се до мене ако ја омаловажиле мојата противкандидатка веднаш ќе ги избркам. Во истиот момент бидејќи несакам такви луѓе околу мене, истакна Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести