
Македонија
Твитер
Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го искритикува различниот однос на Сојузот на борците кон референдумот за територијалната организација од 2004 година и кон најавениот за 30 септември за договорот Заев со Ципрас.
„За оние со кусо паметење, борците дадоа поддршка на референдумот против територијалната организација во 2004 год. и на митингот во Струга на бината застанавме рамо до рамо“, напиша Цветанова на својот профил на „Твитер“ како реакција на информацијата дека Сојузот на борците даде поддршка за претстојниот референдум и за договорот со Грција.
Во претходниот твит таа ја проблематизира и структурата на членството на Сојузот. „Кои борци, ви се молам?!? Татко ми има 83 год., што значи кога почнала војната имал 6, а кога завршила 10 год. Не манипулирајте со јавноста и не се подбивајте со борците.
Имајте барем малку почит!“, твитна таа, а во дискусијата што ја поттикна додаде: „Манипулираат и со вистината и со јавноста, а се подбиваат со народот, а во конкретниов случај и со вистинските борци“
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.