Џенаро Гатузо, тренер на Наполи и легенда на италијанскиот фудбал, ја воодушеви својата земја со прекрасен потег.
Пандемијата на коронавирусот ја претвори Италија во светско жариште на заболувањето, од кое се разболеа над 200 000 луѓе во земјата, со над 27.000 жртви.
Италија е парализирана од короната и големата економска криза што произлезе од пандемијата, предизвикувајќи фудбалските клубови да ги отпуштаат вработените или да им ги намалат платите, пишува Канал 5!
Ова беше случај и во Наполи, каде беше објавено дека платите ќе бидат намалени за 20 проценти, но Рино Гатузо спречи градинарите, чистачите, чуварите, работниците за одржување на стадионот и персоналот на администрацијата да добијат помала плата, така што до крајот на сезоната целосно се откажа од својата плата за да не им бидат намалени платите на вработените.
Ако се земе предвид дека Гатузо заработува 125.000 евра месечно и невозможно е да се знае кога ќе заврши сезоната поради коронавирусот, јасно е дека тој се откажал од вистинско богатство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.