Изјава на собранискиот спикер

Објавил: Калина Мартинска | 10 јуни, 2024 9:56

Гаши: Не верувам дека некој друг повеќе ја сака Македонија од мене

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателот на Собранието, Африм Гаши се навратил на изјавата дадена за „РТК“ дека „Косово е негова татковина“, изјава која предизвика многу реакции во јавноста.

Гаши во поткастот на ТВ Сител, меѓу другото, објаснува дека во албанскиот јазик има три различни термини за татковина.

„Тука е местото на раѓање, татковината, која на англиски е „Motherland“, што го нема на македонски и тука е и татковината која буквално покажува каде си роден. Така, гледате, јас пораснав во Скопје, зборував албански и македонски истовремено, но не се сеќавам кога почнав да зборувам македонски. Повеќето од моите соседи беа Македонци, јас пораснав во таква средина и не знам како е да имаш омраза кон другите“, изјавил Гаши.

Запрашан колку ја сака Македонија, Гаши рече дека „ако го прашате него, не верувам дека има некој друг што ја сака повеќе од мене“.

„Но, бидејќи тоа не може да се измери, не може да докаже дека јас сум тој што најмногу ја сака. Но, мислам дека не може да има некој што ја сака повеќе од мене. Тука сум роден, се што сум направил во животот е тука. Сакам оваа држава да биде напредна, една од најдобрите во регионот и тоа е мојот политички сон“, изјавил меѓу другото Гаши.

Прочитај повеќе:

Гаши: Моја татковина е Македонија, Косово е родно место и татковина на моите родители

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.