Останува неизвесно дали од утре приватните специјализанти ќе го прекинат штрајкот.
Владата им дала ново ветување дека на утрешната владина седница ќе одлучува дали ќе им потпише гараниција за повисоки плати. Докторите се надеваат дека ќе се изнајде решение. Тие потенцираат дека изборниот процес не е пречка за исполнување на нивните барања.
„Јас сум од новите специјализанти, за нас е многу разочарувачки тоа што целиот труд што го вложуваме преку факултетот кој трае шест години, па преку процесот за стекнување со лиценца, па дополнителни пракси и се што правиме за да станеме обучени доктори, сето тоа на крај да ни биде наградено со едни деградирачки услови “, изјави денеска докторката Тамара Пејовска која е приватен специјализант на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
Клиничкиот центар Мајка Тереза денеска функионира со преполовени лекарски тимови поради штрајкот на приватните специјализанти. Незадоволството на повеќе од 400-тини млади доктори е огромно, тие велат дека во знак на револт нема да прегледуваат и лекуваат пациенти, ниту пак ќе дежураат.Но оваа алармантна сосотјба во најголемиот клинички центар – министерот за здравство не го загрижува. На ваков радикален чекор приватните специјализанти се одлучиле бидејќи и покрај 6 месечните континуирани барања за поголема плата од речиси минималните 26.000 денари властите немале слух. Работат без здравствено осигурување, а платените дежурства им доцнат 4-5 месеци.
Според министерот за здравството, барањата на специјализантите се со полтичка позадина, но сепак, после изборите ќе се изборел за нивните барања.
“После изборите, ќе се изборам да има ребаланс во буџетот и нивните примања да се изедначат со примањата на другите специјализанти, кои се вработени во јавни здравствени установи”, рече Демири.
Истите овие барања специјализантите ги истакнаа најпрво на протестот на 27 март. По овој протест, на средби во Министерството за здравство, министерот Илир Демири ги уверил приватните специјализанти дека сите овие нивни барања ќе бидат ставени на некоја од следните владини седници.
Во државата има околу 1.000 приватни специјализанти, од кои 400-тини специјализираат и работат на Клинички.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.