Македонија
Фејсбук
Љубчо Георгиевски преку статус на Фејсбук одговори на колумната на Бранко Героски на Плусинфо „Љубчо, кажи кој ти го наметна Ден Дончев – да не беше случајно по муртинска линија?“ Георгиевски вели дека Героски низ годините наназад има искинато многу повеќе пара чевли од неговите за Дончев да добие директорско место.
Георгиевски на социјалните мрежи вели дека воопшто не му е намерата да го брани Дончев, туку напротив со задоволство ќе чита сѐ што Героски ќе напише во корист на јавното добро.
„Како прво Героски има искинато многу повеќе пара чевли од мене низ годините наназад за Дончев да добие директорско место. Како второ, воопшто не ми е намерата да го бранам Ден, напротив со задоволство ќе читам сѐ што Героски ќе напише во корист на јавното добро. И трето, само не ми го лепи Ден затоа што немам никаква лична или партиска одговорност за него, а испаѓа дека свесно пушташ лажна трага“, напиша Георгиевски.
Веднаш потоа реагираше Бранко Героски.
Г-не Љубчо Георгиевски, јас два пати повторив дека ти верувам – еве ќе кажам и по трет пат, ти верувам! – дека Ден Дончев не е твое кадровско решение во 2016 година.
Не ти ја сфатив поентата за моите искинати чевли и за Дончев, но секако е јасно дека јас, пак, немам никаква врска со тој човек.
Љубчо пријателе, бидејќи сам спомна дека Ден ти бил “наметнат” во 2016 година, јас само побарав јавно да кажеш кој ти го наметна и зошто. Но добро, ако не сакаш да кажеш, јас повеќе нема да инсистирам. Веројатно имаш добри причини за молкот, вели Героски.
Георгиевски реагираше по повод новата колумна на Героски која можете да ја прочитате ТУКА
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Фејсбук
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.