Георгиевски освои сребро во таеквондо на ЛОИ во Токио и првично Владата одобри 1,8 милиони денари парична награда за „среброто“, но сега за уште нови 800.000 денари е дополнета истата и сега изнесува 2,6 милиони денари (над 40.000 евра).
Македонскиот таеквондист доби 10.000 евра награда и олимписка стипендија од МОК по 1.000 долари месечно, а од град Скопје уште 5.000 евра награда за големиот успех што го постигна во Токио.
„Дејан стана пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат. Следејќи го огромниот и историски олимписки успех, Владата на синоќешната седница ја дополни одлуката за паричната награда за Дејан за дополнителни 800.000 денари и таа сега изнесува 2,6 милиони денари“, истакна премиерот Заев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.