Наспроти ова Геориевски вели дека треба да и се оддаде признание и почит на Бугарија.

Објавил: Перо Милчин | 3 март, 2021 10:26

Георгиевски: Не го менувам ставот за Бугарија, имам три државјанства, може да ме протераат од Македонија

Фото/Текст извор: ©а1.он магазин.мк

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна од учебниците ги смени називите за Бугарите од типот окупатор, номад или фашист, затоа што според него Македонија и ја простила на Србија окупацијата од 30 години, простила и на Турција од пет века, па зошто да не и прости и на Бугарија.

Во интервјуто за „А1он зборувајќи за македонско-бугарските односи, уше еднаш потенцира дека Македонија треба да ја смени перцепцијата кон Бугарија и да престане со анти-бугарското расположение, затоа што според него во минатото Бугарија била најголемиот поддржувач на Македонија, особено во 19 век.

Наспроти ова Геориевски вели дека треба да и се оддаде признание и почит на Бугарија.

Ако сме простиле на Србите кои биле три пати пожестоки окупатори на овие простори, ако сме им простиле во поновата историја на УЧК и седат во Владата не гледам проблем да им простиме и на Бугарите. Аршинот треба да биде ист. Ако не простуваме, не простуваме на никој. Треба да ја смениме перцепцијата и да признаеме дека Бугарија била најголем поддржувач на Македонија во 19 век. Факт е дека секој ранет комита од Македонија одел на лечење во Бугарија. Секој кој бил гонет се криел во Бугарија, 90 проценти од оружјето доаѓало од Бугарија, обуките биле таму во Бугарија. Таа поврзаност Бугарија- Македонија била многу јака, што е проблемот да ја признаеме.

Триесет години го зборувам ова. Ако ги утврдевме пријателските места немаше да дојдеме до ова, ако секој политичар градеше по еден чекор, ниту ќе имавме обврски, ниту ќе ја имавме оваа шокова терапија.“, вели Георгиевски во интервју за А1он.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва изјави дека истрагата за случајот „Двојник“ во врска со злоупотребите при издавање на пасоши, ќе се прошири, без разлика дали се работи за структури во МВР или надвор, и без разлика колку високо ќе се дојде во хиерархијата на полицијата.

Спасовски: Истрагата за „Двојник“ ќе се прошири, нема толеранција за никого

Вечерва во „Само вистина“ гостин беше министерот Оливер Спасовски. Министерот за...

Според Славески, министерот за здравство Филипче треба да го следи примерот на австрискиот колега.

Славески: Се направија многу грешки и Филипче треба да си даде оставка како неговиот австриски колега

ВМРО-ДПМНЕ одамна кажа дека ќе направи се за да се реализира петтиот пакет мерки. Има...

Канал 5 останува отворен за сите политички и општествени чинители како во своите Вести така и во останатите мега успешни информативни проекти „Само Вистина“, и „Само Интервју“.

Рашковски прифати, па откажа гостување во „Само Вистина“ и „Само Интервју“

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, иако првично прифати, го...