Помина една година откако го испушти последениот здив на моиве раце.

Објавил: Сара Фемина | 15 декември, 2019 10:20

Георгиевски: Помина една година откако не напушти, правам се што ветив Јован- За тебе, за нашите граѓани и за нашиот град

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се наврши една година откако градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски ненадејно почина на 48 годишна возраст.

Стојаноски почина во декември минатата година, а причина за смртта беше срцев удар.

На Стојаноски му се слошило, па во критична состојба беше префрлен на Интерното одделение на Општата болница во Охрид. Бил направен обид да се префрли во Заводот за кардиологија, но залудни биле обидите за реанимација.

Стојаноски почина во декември минатата година а причина за смртта беше срцев удар.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на социјалните мрежи објави помен за Стојаноски и напиша дека колку години и да поминат нема да бидат доволни да се заборави секој убав спомен од неговиот колега и пријател Стојаноски.

Помина една година откако го испушти последениот здив на моиве раце.
Здивот со кој згасна твојот живот, а започна мојот нов живот.
Замина и ми остави болка, празнина и голема обврска кон тебе.
Правам се што ветив Јован. За тебе, за нашите граѓани и за нашиот град.
Колку години и да поминат, нема да се доволни да се заборави секој убав спомен на тебе!
Почивај во мир, голем човеку!

Јован Стојаноски беше професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, после победата во првиот круг од Локалните избори.
Стојаноски беше роден на 7 август 1970 година во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Охриѓанката Јана не издржа да се соберат потребните средства за лекување  во Барселона кои се собираа повеќе од два месеци.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Јана Арсовска- не издржа да се соберат парите за лекување

По четири години битка со  ракот храброто срце на Јана Арсовска денеска престана...

Последните години во јавноста беше познат како еден од вмешаните во контроверзната оф-шор фирма Ексико. Името на Луковски се споменуваше и во скандалот “Рекет” како еден од бизнисмените на кои им бил изнуден рекет за да им биде запрена истрага за контроверзни бизниси, но тој како што беше објавено наводно го демантирал таквото тврдење.

БЕШЕ ОСОМНИЧЕН ЗА РЕКЕТ: Почина Жарко Луковски – поранешен извршен директор на T-Mobile

Попладнево почина бизнисменот и поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“...