По повод Националниот ден на Власите, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески упати честитка до сите припадници на влашката заедница.
Во мое лично имe и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки до припадници на влашката заедница со искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и благосостојба.
Власите се нераскинлив дел од градењето на нашето општество и даваат вреден придонес во негувањето на меѓуетничкиот соживот и толеранција. Одбележувањето и почитувањето на овие празници е од исклучително значење за чување и унапредување на меѓусебните односи, како и за јакнење на заедничкиот стремеж за напредок и развој на сите полиња.
Верувам дека и во иднина ќе продолжиме заедно да чекориме кон подобра иднина за нашиот град и нашата држава и да обезбедиме подобар живот за идните генерации. – стои во честитката на градоначалникот Георгиески.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.