Исто така се изведуваат и активности за поставување на нова атмосферска канализација.Во моментот се изведуваат и завршни активности за оформување на новата кружна крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“, додаде Градоначалникот.

Објавил: Перо Милчин | 18 ноември, 2020 8:22

Георгиески: Доколку времето дозволи првиот асфалт на дел од „Абас Емин“ до крај на годината

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Интензивно се одвиваат градежните активности во рамки на големите проекти за реконструкција на сообраќајната инфраструктура во Охрид, објави на службениот налог на Фејсбук градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

На улицата „Абас Емин“ во моментот се работи на реконструкција на атмосферската, фекалната и водоводната линија на предвидениот потег.

Се врши тампонирање на дел од коловозот, а на дел од улицата веќе се започнати активности за поставување на нови рабници.

Доколку дозволат временските услови се очекува првиот адфалтен слој на улицата, на потегот од крстосницата со улица „Дејан Војвода“ до крстосницата со улица „Охридска Бригада“ да биде поставен до крајот на оваа година. – најави градоначалникот Георгиески.

На улицата „15-ти Корпус“ во рамки на втората фаза од проектот за реконструкција се работи на уредување на тротоарите и велосипедските патеки од десната страна на улицата.

Исто така се изведуваат и активности за поставување на нова атмосферска канализација.

Во моментот се изведуваат и завршни активности за оформување на новата кружна крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“, додаде Градоначалникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОТСТРАНЕТИ 142 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (15.01 – 20.01.2021 година) со специјалните возила пајак се...

„Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

Поради ковид-19 кризата, македонските аеродроми во Скопје и Аеродром бележат 782.876 патници,...

Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

23 отсто помалку сообраќајни незгоди во декември, вчера 53 санкции за брзо возење во Кочани, 10 неисправни возила за јавен превоз

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи...