Пред неколку дена градоначланкиот најави рушење ан дивоградбите во Охрид, дури и со јасен став рече дека повеќе нема да ги моли сопствениците на нелегално изградените објекти.

Објавил: Валерија Петрова | 12 септември, 2019 19:26

Георгиески ја фати метлата и го чистеше крајбрежјето – АКЦИЈА ВО ГРАДОТ – Охрид го „брани“ УНЕСКО

Фото/Текст извор: ©оналјн маагзин

Откако најубавиот град во Македонија беше ставен на листата на загрозени градови од стран на УНЕСКО поради дивоградбите кои го имаа узурпирано цел град.

Унеско постави ултиматум до таткото на градот, јасно стои во новите поточки дека доколку до февруари не се остранат сите дивоградби покрај охридското крајбрејже Охрид ја губи статусот град со културно богато наследство.

Пред неколку дена градоначланкиот најави рушење ан дивоградбите во Охрид, дури и со јасен став рече дека повеќе нема да ги моли сопствениците на нелегално изградените објекти.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески кој денеска имаше средба со изработувачите на Планот, членовите на Комисиите и претставници на надлежните институции на која учествуваше и министерот без ресор Едмонд Адеми, појасни дека активностите се одвиваат согласно утврдениот план, односно дека ќе биде готов до крајот на годината.

Советот на Општина Охрид за 2019 година го изгласа најголемиот буџет во историјата на градот , тежок 1.040.000.000 денари , од кои 495.000.000 отпаѓаат на средства кои ќе припаднат на Општината согласно мерките на Владата на Република Македонија за раздолжување на општините .

– На 22 овој месец е рокот кога ќе се започне со стратешка евалуација на Планот, уверен сум дека ќе ги запазиме роковите, така што извештајот за напредокот што треба да го доставиме до УНЕСКО во февруари ќе стои дека е усвоен Планот за управување со регионот, рече тој.

Предвидено е Планот да ги содржи визиите и целите што се однесуваат на контролираната урбанизација, зајакнувањето на капацитетот на надлежните институции, заштитата на природното и културното наследство, одржливиот економски развој, подигнувањето на јавната свест и зголемената еколошка функционалност на Охридскиот регион.

Градоначалникот Георгиески кој денеска учествуваше и во акцијата за чистење на езерото и крајбрежјето од цврст отпад на прашањето на медиумите уште еднаш најави дека наскоро ќе почне акцијата за уривање на нелегално изградените платоформи на брегот на езерото, како и на неколку дивоградби.

Охрид е општината во која биле регистрирани најголем број дивоградби во Македонија во 2017 година, вкупно 68, покажува последното соопштение на Државниот завод за статистика. Тоа е втора година по ред, и трета во последните четири, како Охрид се наоѓа на врвот на листата според бројот на бесправно изградени објекти. И во претходните години тој беше меѓу првите, заедно со општините Чаир, Куманово, Карпош, Струмица и други. Градежниот хаос е една од повеќето причини поради кои Комитетот за светско наследство на УНЕСКО предупреди дека Охрид може да биде отстранет од листата на светската организација. Владата пред четири месеци свечено објави дека статусот на Охрид како град на УНЕСКО веќе не е загрозен, затоа што таа се откажала од проектите на претходната влада, како експресниот пат до Пештани и скијачкиот центар на Галичица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Факт е дека низ целата наша историја овде виреел и се негувал еден мултиетнички и мултиконфесионален општествен концепт, кој токму на овие македонски простори се покажал како најодржлив.

Кој и зошто го нуди концептот за „македонска политичка нација“?

Дефинициите за нација речиси во сите енциклопедии започнуваат со констатацијата дека...

Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против уличното дилерство во текот на изминатите два месеца на територијата на Македонија запленети се вкупно околу 22 килограми марихуана

ДРОГА, АПСЕЊА И КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Полициска акција на 54 локации во 24 градови(видео)

Во координирана полициска акција на 54 локации во 24 градови пронајдени и одземени се...