Локацијата е во трета зона каде е предвидена изградба на три ката со 40 % искористеност на земјиштето.

Објавил: Стојче Бушин | 25 февруари, 2021 6:14

Георгиески: Ќе се гради хотел кај поранешниот ресторан и дискотеката Парк

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хотел ќе се гради во месноста Гоирица, на 50 метри од езерото, на локацијата на која се наоѓаат поранешниот ресторан и дискотека Парк, која, како и објектите, се во приватна сопственост.

Ова вчера на пресконференција го истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, посочувајќи дека целокупната постапка почнала во 2009 година, а завршила во 2018 и истата се одвивала согласно законите.

Локалната планска документација е усвоена од Советот на Општина Охрид во ноември 2009 година. Врз основа на изготвеното урбанистичко решение издадено е правосилно одобрение за градење, што предвидува инвеститорот да ја отстрани постоечката градба. Согласно правосилното одобрение од 2018 година на предметната локација ќе се гради хотел со три ката и потпокрив до венец вокок 13,5 метри, рече Георгиески.

Сопственик на земјиштето и инвеститор е компанијата „Ремис“ од Охрид, истакна Георгиески.  Тој информираше дека планот за овој објект е донесен во 2009, а Законот за заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион заштитено од УНЕСКО во 2010 година, што предвидува пред донесување планот да добие мислење од Комисијата за управување со Охридскиот регион, додека Законот за управување со

Охридскиот регион е донесен во 2020 година. Планот во 2016 година ја добил и соодветната водостопанска дозвола од државата, неопходна за да добие правосилност.

Локацијата е во трета зона каде е предвидена изградба на три ката со 40 % искористеност на земјиштето.

Од правен аспект нема ништо спорно. За објектот платени се комуналии во износ од 47 милиони денари. Единствено спорен е потпокривот. – додаде Георгиески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Советот за јавни обвинители ја понижи Ристоска: „Разочарана сум“, што не бев избрана за виш јавен обвинител

Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување...

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во тимот на Русковска

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе...

Претставниците на земјоделците го информираа претседателот Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Мицкоски на средба со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата...

Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација...