
Македонија
Економија
Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ќе отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 во Бунарџик.
Делегација на германската фабрика „Гересхајмер”, предводена од потпретседателот Оливер Бургел, вчера одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев на која беа презентирани плановите за инвестиции на компанијата во земјава.
Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер” е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра.
Како резултат на добрата деловна клима во земјата и поддршката на Владата, делегацијата на германската „Гересхајмер”, на средбата во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели.
Според најавите, втората ќе биде најголема странска инвестиција досега реализирана во една фаза.
„Гересхајмер” е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Во првата фабрика на „Гересхајмер” во Македонија се произведуваат пластични системи за фармацевтската индустрија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.