Самоизолацијата може да се прекине само по пет дена со прикажување негативен тест или потврда за вакцинација.

Објавил: Перо Милчин | 24 октомври, 2021 17:49

Германија ги заострува мерките, од денеска задолжителна самоизолација по влез во земјата

Фото/Текст извор: ©магазин

Германија ја рангираше Хрватска меѓу земјите со висок епидемиолошки ризик, што значи дека луѓето кои не биле вакцинирани или не закрепнале од коронавирусот ќе мора да одат во самоизолација десет дена и доаѓаат од Хрватска, соопшти државниот епидемиолошки институт Роберт Кох.

Одлуката стапува на сила од денес.

Самоизолацијата може да се прекине само по пет дена со прикажување негативен тест или потврда за вакцинација.

Уште три членки на Европската унија – Романија, Литванија и Словенија веќе се наоѓаат на листата на германскиот референтен Институт „Роберт Кох“ (RKI) за контрола на болестите.

Во Европа, воопшто, расте бројот на случаите на зараза со коронавирусот и хоспитализациите поради тоа, а во некои земји е извонредно висок, пред настапувањето на постудените денови а во некои региони има застој во процесот на имунизација на населението.

Германија околу 70 земји во светот ги прогласи за високоризични. Лицата кои не прележале Covid-19 или не се целосно вакцинирани, по враќањето во Германија мора да минат 10 дена во карантин. Овој период може да се преполови, доколку лицето биде негативно на тест по пет дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Владата пред само шест дена го прошири администрирањето на третата, бустер доза за лица над 40 години, шест месеци по целосната вакцинација, а денеска таа мерка дополнително ја прошири на сите лица над 18 години.

Франција ќе дава засилувачка доза од анти-ковид вакцината на сите лица над 18 години

Француските здравствени власти предложија проширување на аплицирањето на засилувачката...

Од полицијата наведуваат дека Петра Р.(31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.

Уапсена медицинска сестра од Загреб, фалсификувала ковид сертификати

Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати...

Најавено е дека од тој датум, Швајцарија ќе ги признае истополовите бракови склучени во други земји, кои досега ги третираше како граѓански партнерства.

Од 1 јули во Швајцарија ќе може да се склучуваат истополови бракови

Истополовите бракови во Швајцарија ќе може да се склучуваат од 1 јули следната година,...