Владата ја оправда оваа одлука со порастот на цените за живот и домување во Германија.

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 февруари, 2022 6:09

Германија го зголемува минималецот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската влада донесе одлука за покачување на минималната саатница на 12 евра, соопштија по состанокот на кабинетот!

„Со зголемување на минималецот ќе профитираат повеќе од 6 милиони луѓе, пред сѐ жени вработени на истокот на земјата“, рече министерот за труд Хубертус Хеил по редовниот состанок на кабинетот во средата.

Хеил рече дека зголемувањето на минималната саатница од 9,82 на 12 евра исто така им оди во прилог на вработените кои во текот на пандемијата ги „одржуваа виталните функции на државата“, како негуватели како и останатите вработени во дејности кои се релевантни за функционитање на системот.

Минималната саатница првично во јуни требаше да се зголеми на 10,45 евра, а потоа во октомври на 12 евра.

Владата ја оправда оваа одлука со порастот на цените за живот и домување во Германија.

„Овој пораст на животните трошоци во прашање ја доведе можноста за покривање на тековните трошоци за лицата кои на минимална саатница работат полно работно време“, стои во соопштението од владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.