Воведени се нови ограничувања долж нормално отворените граници поради избувнувањето на жариштата на нови соеви на коронавирус, кои се шират побрзо и предизвикуваат повеќе случаи во Чешка и Австриски Тирол, објави Ројтерс.

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 февруари, 2021 21:17

ГЕРМАНИЈА ЗА КОНТРОЛИТЕ НА ГРАНИЦИТЕ СО АВСТРИЈА-ЧЕШКА: Ова е привремено заради брзото ширење на нови видови на вирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германија денес објави дека нејзината одлука за воведување гранична контрола со Чешка и Австрија е привремена мерка преземена како последно средство.

Воведени се нови ограничувања долж нормално отворените граници поради избувнувањето на жариштата на нови соеви на коронавирус, кои се шират побрзо и предизвикуваат повеќе случаи во Чешка и Австриски Тирол, објави Ројтерс.

Германија воспостави гранични контроли во неделата, по што Австрија протестираше, загрижена за нарушувањето на снабдувачкиот синџир што може да му наштети на производствениот сектор ориентиран кон извозот.

„Имаме ситуација во која мораше да ги преземеме сите неопходни чекори за да спречиме брзо ширење на варијантите на вируси во Германија, како што за жал се шират во соседните земји“, рече Стивен Зајберт, портпарол на канцеларката Ангела Меркел, на прес-конференција.

Тој посочи дека враќањето во нормала е од интерес на сите. Државните граници во рамките на Шенген зоната на Европската унија обично се отворени за да се олесни трговијата и патувањата на нејзиниот единствен пазар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Новиот закон исто така ќе има обврска да ги обезбедува потребите на членовите на семејството за време на поднесувањето на апликациите за повторно обединување на семејството, што е воведено со привремениот закон.

Шведска ги заострува правилата за постојано вселување

Законскиот план на социјалдемократската влада во коалиција со Зелените, треба да го...

Неприфатливо е што 70 проценти од дозите на вакцини досега се дистрибуирани на граѓани од само 10 земји, а некои земји немаат ниту една доза, вели таа.

СТО: Компаниите мора да произведат доволно вакцини или да издаваат лиценци

Фармацевтските компании треба да произведат доволно вакцини против Ковид-19 за сите...

Успеавме да го моделираме влијанието на климатските промени според различните сценарија на растечки емисии на стакленички гасови врз екосистемот на Арктичкиот океан.

СЕВЕРНИОТ ЛЕДЕН ОКЕАН ОСТАНА БЕЗ МРАЗ? Научниците направија мрачна прогноза, до 2055 година сè ќе биде поинаку

Меѓународен тим на истражувачи предвидува дека Арктичкиот океан најверојатно ќе остане...

Тој додаде дека тој и голем број други истражувачи на Институтот Гамалеја биле меѓу првите луѓе кои го добиле Спутник В.

РУСКАТА ВАКЦИНА ШТИТИ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ: Докажано колку долго вакцината обезбедува имунитет

Александар Гинзбург, директор на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и...