Германија одлучи!

Објавил: Перо Милчин | 8 февруари, 2021 20:46

ГЕРМАНИЈА ОДБИВА ДА ЈА РЕГИСТРИРА РУСКАТА ВАКЦИНА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската влада не прибегна кон регистрација на вакцината „Спутник 5” (Спутник V) кај националниот регулатор со цел да се обезбеди доверба на населението во подготовката, изјави портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт.

Причината за тоа е иста како и на крајот на минатата година кога беа подготвени првите вакцини.

Федералната влада и другите европски партнери рекоа дека довербата во вакцината е од особено значење за нас.

Тој потсети на ставот на германската влада дека „сите вакцини, без оглед на земјата на потекло, се добредојдени кога ќе ги поминат сите фази на процесот на сертификација во Европската агенција за лекови и кога ќе бидат одобрени за пазарот на Европската унија од Европската Комисија.

Минатата година, кога Европската унија штотуку започнуваше процес на закажување на испораки на вакцини, германското Министерство за здравство исто така потенцираше дека постапката за регистрација на вакцините мора да се одвива по одреден редослед, со цел населението да има доверба во одобрените лекови!

Претходно германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин му понудила поддршка од германскиот регулатор во процесот на одобрување на руската вакцина од страна на Европската агенција.

Вакцината „Спутник“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот корона во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иако Европската Комисија има поинаков став за конкретните вакцините, Мицотакис сепак вели дека тие остануваат на нивната позиција да ги признаат и тоа пред сѐ се однесува на руската вакцина, поради тоа што очекуваат туристи од Русија.

Грција ќе дозволи влез на туристи вакцинирани и со руската и кинеската вакцина

За летната сезона, Грција ќе дозволи влез на туристи кои се вакцинирани и со руската...

Границите на Грција за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани се затворени речиси 15 месеци, откако лани, за време на првиот карантин во март, беше воведена одлуката, а оттогаш континуирано се продолжува.

Границите на Грција остануваат затворени за македонските државјани до 14 мај

Одлуката на грчката Влада за привремена затворање на копнените граници и забраната...

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

Брнабиќ: Србија и донираше на Македонија 13.000 дополнителни вакцини „Спутник В“

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера соопшти дека Србија и донирала дополнителни...

Бројот на дневни случаи во Турција достигна над 63.000 на 16 април, пред да падне нагло под 39.000 во неделата, додека дневната бројка на смртни случаи остана над 300 во текот на изминатата недела.

Турција од четврток целосно се затвора

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган воведе „целосно затворање“ на национално...