Животот ќе се врати во нормала во Германија!

Објавил: Стојче Бушин | 7 април, 2020 9:54

Германија планира да го укине карантинот на 19 април!

Фото/Текст извор: ©МИА

Германија подготви список на мерки, вклучително и носење маски, ограничување на собирање луѓе на јавни места и брзо следење на контролата на ширење на заразата.

Според властите, тоа ќе овозможи животот повторно да се врати во нормала кога ќе се укинат карантинските мерки на 19 април. Мерките се утврдени во нацрт-акцискиот план подготвен од Министерството за внатрешни работи.

Според него, тие ќе бидат доволни за да се гарантира ниско ниво на ширење на коронавирусот кога постепено се обновува јавниот живот.

За да се направи ова, треба да се воспостават механизми за да се следат повеќе од 80 проценти од лицата кои контактирале со заразено лице во рок од 24 часа по поставувањето на дијагнозата.
Училиштата ќе можат повторно да се отворат кога за тоа ќе одлучат провинциите, а граничните контроли ќе бидат олеснети. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Овој луксузен модел е купен за потребите на полицијата во 2017 година и служи токму за вакви задачи.

ИТАЛИЈАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВОЗИ ЛАМБОРЏИНИ 230 НА ЧАС, АМА СО ПРИЧИНА: За само 2 часа, тие доставија трансплантација на бубрег во болницата

Италијанската полиција донела бубрег наменет за трансплантација од Рим во Падова...

Францускиот претседател Емануел Макрон во вторник ќе и се обрати на нацијата во врска со состојбата со вирусот.

Франција ја менува тактиката против вирусот корона: Почнува да ги ублажува ограничувањата

Во следните недели, Франција ќе започне да ги олеснува ограничувачките мерки воведени...

Добро информирани луѓе тврдат дека добавувачите на тестови не се оние кои поставуваат астрономски цени.

ХРВАТСКА ЈА ДРМА ЦЕНАТА НА ПЦР ТЕСТОВИТЕ: Кој профитира за време на пандемија?

Она што треба да го знаете за цената на тестовите за ПЦР во Хрватска е дека тие се невообичаено...

Грција досега евидентирала 82.034 случаи на коронавирус и 1.288 смртни случаи, а во средата евидентирани 3.209 нови случаи, од кои 905 се во солунскиот регион.

ГРЦИЈА ГИ ЗАЈАКНА МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОРОНА: Затворен граничниот премин со Албанија, блокирањето е повторно во сила

Грција ќе затвори еден граничен премин со Албанија и ќе изврши антиген тестови на сите...