Германскиот лекар Стефан Клуге предупредува дека може да има „јо-јо ефект“, сличен на оној како на диетата, во случај на вирусот корона.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 ноември, 2020 20:06

ГЕРМАНСКИ ДОКТОР ПРЕДУПРЕДУВА НА 3 БРАН: Може да има јо-јо ефект, еве што не чека!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Германскиот лекар Стефан Клуге предупредува дека може да има „јо-јо ефект“, сличен на оној како на диетата во случај на вирусот корона.

Во изјава за Хамбургер Абендблат, Клуге рече дека го очекува многу бргу третиот бран на ширење на вирусот корона.

„Ќе видиме јо-јо ефект кога бројките ќе паднат сега и мерките ќе бидат олабавени. Се плашам дека граѓаните повторно ќе бидат несовесни“, предупреди тој.

По првиот бран на пролет, бројките за короната останаа ниски со месеци, но, како што посочува тој, сега не може да се смета.

“Во текот на зимата, луѓето поминуваат повеќе време во затворен простор поради ниските температури. Јас сум загрижен дека ќе следи третиот бран, рече Клуге.

Бројот на лица заразени со коронавирус во светот се зголеми за повеќе од 4 милиони во последната недела, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Бројот на починати се зголеми за повеќе од 67.000, соопшти Светската здравствена организација.

Според СЗО, од 16 до 22 ноември во светот се регистрирани 4.060.891 нови случаи на инфекција и 67.221 смрт. Двете бројки се повисоки отколку во претходните седум дена, кога беа откриени 3.977.223 нови случаи и починаа 59.699 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

На ваков начин болницата докажува дека грижата е приоритет во кое било време. Клиниката „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница која хоспитализира деца со здравствени проблеми од сите специјалности и во вакви услови.

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ ЗА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦА: МОЖНОСТ СИТЕ ДЕЦА ДА ДОБИЈАТ ВРВНА ГРИЖА И ВО ПАНДЕМИСКИ УСЛОВИ

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали за 20 проценти во просек цените на...

Не мора да следите точна диета по хируршки зафат на дебелото црево, но промените во Вашето дебело црево предизвикани од хирургијата може да предизвикаат гасови или мекост на столицата.

ПРВИОТ СИМПТОМ НА РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО: Сè започнува со ова, НЕ Е ДОБРО, не го игнорирајте ОВА

Рак на колонот или ректумот (колоректален рак) се видови рак на дебелото црево. Дебелото...