Македонија
Вести
Новинар на германскиот весник „Билд“, изјави дека во Круја, Албанија, има магацини кои се полни со дрога и тие се контролираат од градоначалникот и други искусни лица.
Новинарот Питер Тиеде, кој гостуваше на албанската ТВ „News 24”, на прашањето од каде го знае тоа, дека во Круја, Албанија има магацини кои се полни со дрога, рече дека дознал преку истражувања.
Доколку одиш од Тирана кон Круја, има магацини со дрога. Тие се големи сали со дрога. Сум бил и самиот. Откако ќе ги видиш магацините со дрога, после две минути доаѓа некој со возило и прашува што правите. Тоа е соседот кој го чува магацинот со дрога, објаснил германскиот новинар пренесува BalkanWeb.
Американската разузнавачка агенција ЦИА, во последниот објавен извештај за Балканот, го опишува детално како „експлозив подготвен да експлодира“.
ЦИА во својот извештај тврди дека Албанија останува клучна и главна земја за перење пари, трговија со оружје, наркотици и имигранти.
– Според американската Агенција за разузнавање, нашата земја и понатаму има проблеми со перење пари, како и канали за шверц со наркотици и оружје. За ЦИА, Албанија се уште се смета за клучна земја за производство на канабис и активна точка за транзит на дрога, наведува весникот „Коха јон“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.