Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јули, 2019 10:24

ПРЕТСТАВАТА МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ: Геровски денес ќе открие пред јавноста кои се „Фрики и Кики“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бранко Героски, новинарот и сопственик на порталот „Плус Инфо“ кој јавно пишуваше за актуелната ситуација и за случајот „рекет“ во последната своја колумна ги повика ликовите кои тој ги нарекува „Фрики и Кики“ да поднесат оставка од функциите и да соработуваат со обвинителството за случајот, во спротивно ќе бидат јавно обелоденети.

Бранко Геровски денес ќе обелодени кои се „Фрики и Кики“

Еве што напиша Геровски пред два дена:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта.

Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија.

Како се блиски? Еве вака, друже Заев.

Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Самиот тој факт ја прави госпоѓата објективно одговорна за овие злодела.

И тоа ќе го дообјаснам. Една работа е некому да се обрати некоја обична невладина организација со барање за поддршка (па и со рекетарска уцена), а друго е тоа да го стори НВО во чиј врв стои така проминентна личност, со неспорно политичко влијание и со блискост со премиерот и со сите министри и со други државни функционери.

Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол „добар пријател“ или „другар“. Е сега, не е исто да си обичен рекетар што стасува до половно „БМВ“ и да си фраер кој за другар го има високиот партиски функционер Кики, а за соработник високата државна функционерка Фрики, која згора и му пеела на журка.

Ниту сум напишал ниту тврдам дека Фрики и Кики рекерирале и дека лично се офајдиле од рекетот. За тоа не знам. Тоа треба да го провери истрагата. Но, неспорно е дека и Кики и Фрики му овозможувале на Коки да остварува контакти при неговите рекетарски обиди, а тој ја (зло)употребувал блискоста со нив, но и со други луѓе во СДСМ, за да биде поуспешен во своите походи.

Во најмала рака, Фрики, Кики и другите биле фацилитатори на милионскиот рекет, за што мора да сносат морална и политичка одговорност. А за нивната евентуална кривична соодговорност одлучува истрагата, која не смее да се попречува.

Затоа, госпоѓо Фрики и другар Кики, да сум на вашето место, јас под итно би сторил две работи.

Прво, би му се јавил на Заев и би му го кажал следново:

– Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.

Второ, би му се јавил на надлежниот обвинител и би му го кажал следново:

– Обвинителе, јас имав блиски контакти со лицето Коки и ви стојам на располагање за сите потребни информации во врска со милионскиот рекет. Моја граѓанска должност е да соработувам со истрагата, дури и во случај да бидам осомничен (осомничена).

Госпоѓо Фрики и другар Кики, јас најдругарски ви предлагам ова да го сторите без одлагање, во следните 48 часа. Тоа му го должите на Заев, но и на СДСМ, а пред сė на граѓаните на оваа земја. Ако размислите добро, ќе сфатите дека тоа си го должите и себеси.

Останува денес да и ЈАВНО ги дознаеме кои се „Фрики и Кики“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Млад Македонец киднапиран во Тирана – киднаперите барале 250.000 евра, познат идентитетот на заложникот

Македонската јавноста остана во шок по веста за киднапирањеето на Македонецот Давор...

Да кажеме дека и мислењето е почитувано, а и граѓаните во оваа држава, без разлика дали се Македонци, Албанци или сите други, се позадоволни“, рече Шекеринска.

ШЕЌЕРИНСКА: Венецијанската комисија има полиберален став, ќе го разгледаме предлогот

Заменик – претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, на денешната прес конференција...

Бујар Османи не може да се помири со фактот дека ниванта желба за Албанизирање на Македонија е спречена барем во моментов

Дали Бујар Османи најавува војна во Македонија како онаа во 2001?

Бујар Османи не може да се помири со фактот дека нивната желба за Албанизирање на Македонија...

„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска.

РУСКОСКА: Прв пат ги слушам снимките – Обвинителството ќе ги истражува и тоа кој ги објавил на Јутјуб

На јутјуб вчера се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот...