И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?

Објавил: Сара Фемина | 13 август, 2019 20:51

ГЕРОСКИ: “Барам од ЗАЕВ јавно да ми се извини за оваа срамна, безобразна и дискриминирачка изјава”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза, пишува на својот Фејсбук профил новинарот Бранко Героски.

Го пренесуваме во целост постот на Героски на Фејсбук, кој е реакција на изјавата на Заев:

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од “криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. “Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.

Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува? Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза. Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев.

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека нема да дозволи „група криминалци, еден суетен новинар и еден педер“, да ја урнат власта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членки на ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни пристигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ, истакна Заев.

Заев: Очекуваме одлука сега и веднаш, одложувањето ќе има негативни последици

По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите...

Поради тоа просто нема органи за вид, па шестмесечниот Саша никогаш нема да може да прогледа. Се верува дека малечкиот страда од редок облик на СОКС2 анофталмиски синдром кој погодува едно бебе во четврт милиони.

Малиот Александар остана сам и чека добри луѓе да го посвојат – неговата мајка се откажа од него поради неговиот хендикеп

Во Томск во Русија во април годинава е роден малиот Александар К. или Саша, како што...