Внимавајте, после последното Бокиево „објаснување“ на „сопствеништвото“ во 1ТВ, АВМУ веројатно ќе има екстремно лесна задача да утврди прекршување на членот 34 од Законот.

Објавил: Перо Милчин | 5 јули, 2019 21:37

ГЕРОСКИ: Боки 13 се замислува како неопирлив цар на медиумското небо, неуништлив како БУБАШВАБА!

Фото/Текст извор: ©инфо плус

Внимавајте, после последното Бокиево „објаснување“ на „сопствеништвото“ во 1ТВ, АВМУ веројатно ќе има екстремно лесна задача да утврди прекршување на членот 34 од Законот, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски.

Да се биде сопственик на медиум е привилегија, но и голема општествена одговорност. Во еден период од мојата новинарска кариера, бев содружник во успешна компанија, издавач на дневен весник.

И затоа сето тоа добро ми е познато. Да, се разбира, ако имаш среќа да бидеш во друштво на содружници блиски по дух (во мојот случај, сите новинари и другари од студентските денови), доколку се работи храбро, деноноќно и одговорно, а во прилог ти одат и општествените околности, резултатот може да биде восхитувачки, каков што беше – за мене, за нашиот тим и за пошироката заедница.

Но, таквите случаи кај нас почесто се исклучоци одошто правило. Во Македонија, во изминатите две ипол децении медиумски плурализам, во овој бизнис сепак доминираа моќни бизнисмени, чии цели често досега многу подалеку од намерата со своите медиуми да постигнат успех на пазарот, приходи и профит.
Да се разбереме, за еден дел од тие моќни луѓе, кои се впуштија и во медиумскиот бизнис, јас имав, а и ден денес имам добро мислење, без оглед што нивните амбиции беа различни од моите, на пример. Факт е дека добар дел од нив значајно придонесоа за јакнењето на ресурсите во медиумскиот бизнис, за професионализацијата на редакциите, за напредокот на новинарството воопшто, посебно во деведесеттите.

За таа цел беа инвестирани и многу пари и многу добри намери. Јас тоа не можам да го оспорам и затоа тврдам дека тие бизнисмени се заслужни за развојот на медиумската индустрија, барем толку колку што некои од нив се „заслужни“ и за нејзиниот пад и за спуштањето на стандардите на новинарската професија во последнава деценија.

Како и да е, во сите овие случаи, зборувам за познати личности, за луѓе кои можам слободно да ги именувам, па потоа да го оценувам нивниот придонес или вина, како што веројатно се оценува и мојот. Но, има една група луѓе чие влијание во медиумскиот простор во сиве овие години беше, а и сѐ уште е големо, но нив, за жал, нема да можеме да ги именуваме.

Тие се т.н. скриени сопственици, или тајни содружници во компаниите издавачи, луѓе кои од разни причини одбија со нас јавно да ја споделат и заслужената слава за некои потфати, но понекогаш и почесто, би рекол, вината за бедата и за бесчестието во медиумите, а особено за подведувањето на новинарите во борделите на државната и партиската пропаганда.

Од тие причини, целата новинарска заедница во Европа и во светот денес принципиелно го осудува скриеното сопствеништво во медиумите. И во Македонија за тоа нешто туц-муц се зборува, ама главно теоретски, колку да се држи темата во етерот…

Кога сме веќе кај причините за криење на сопствеништвото во медиумите, да бидам искрен, јас имам разбирање за некои од мотивите на скриените сопственици. И сметам дека сѐ додека тие не се впуштаат во донесување конкретни деловни одлуки на компаниите, или, не дај боже, во одлуки поврзани со уредувачките политики, нивниот „грев“ сѐ уште не наложува директна законска или морална санкција.

Патем речено, во македонско законодавство се санкционира само скриеното сопствеништво во електронските медиуми. Членот 34 од Законот за аудио-визиелни медиумски услуги изричито забранува тајно содружништво во трговско душтво од областа на радиодифузијата. И тоа е, ако сум добро известен, буквално сѐ од законски аспект.
Во случајот на Бојан Јовановски, популарниот Боки 13, неформалниот сопственик на телевизијата 1ТВ, тоа, пак, е повеќе од доволно.

Во период од шест месеци, Агенцијата за аудио-визеулни медиумски услуги по втор пат поведува постапка за утврдување на сопствеништвото во овој медиум. Причината за тоа е едноставна: Бојан Јовановски, во своите јавни настапи, дури и во настапите на „својата“ телевизија, се претставува како нејзин неформален сопственик, а од друга страна тврди дека 1ТВ е во сопственост на неговиот татко Миле и на извесна Јасна Мандиќ. Овој човек, Бојан Јовановски, или не го разбира концептот на скриено сопствеништво во медиумите, или има некаква потреба јавно да се декларира како газда на телевизија, потреба предизвикана од егзибиционистички побуди. Јас не можам да најдам некое трето објаснување зошто тој вака јавно фрла основан сомнеж за скриено сопствеништво во 1ТВ, доведувајќи ги така во опасност и медиумот и новинарите што таму работат.
Внимавајте, после последното Бокиево „објаснување“ на „сопствеништвото“ во 1ТВ, АВМУ веројатно ќе има екстремно лесна задача да утврди прекршување на членот 34 од Законот. Имено, Бојан Јовановски објаснува зошто дури 95 отсто од уделите во сопствеништвото му припаѓаат на неговиот татко Миле (со кого се во роднинска врска, нели): сиротиот Боки нема трансакциска сметка, односно таа му е блокирана, затоа што, како што вели, не времето имал судски спор со некоја икс-ипсилон личност.

Круната што ја носи на главата Бојан Јовановски, ми личи како да е од тенеќе направена, пишува новинарот Бранко Героски.

Со јазикот на правниците, ова се вика мотив. Имено, ова е мотив зошто Бојан Јовановски сопственоста во 1ТВ би ја скрил во ликот на својот татко. Толку е просто, што попросто не може да биде. А доказ за тоа е фактот што Боки упорно си го задржува правото да се смета за фактички и морален сопственик на „својата“ телевизија, па затоа слободно јавно ја претставува, како и во деловните контакти со многу луѓе, за што и самиот лично сведочеше.

Не ми е јасно, какви уште докази се потребни за да се докаже нечија скриена сопственост во медиум? Да не треба отпечатоци на прсти? Крвна слика и ДНК анализа, можеби?
Неодамна, кога лицето Бојан Јовановски, од само нему познати причини, се препозна во некои мои приказни, јавно му посакав да си ја среди таа работа со трансакциската сметка и потоа да си ја легализира сопственоста во 1ТВ. Беше тоа искрена порака. Зашто, да се разбереме, јас во принцип не разговарам сериозно со било кое полнолетно лице што нема трансакциска сметка. Таквите луѓе се во сивата зона на финансиските текови. Што значи тоа? Тоа значи дека тие луѓе се технички оневозможени да учествуваат во било каква легална финансиска зделка, за која минимален услов е да поседуваат трансакциска сметка.

Со нив ниту еден нормален човек не би смеел да фаќа никаква работа, бидејќи тоа е ризично, упатува на опасноста од впуштање во валкање или во перење кеш. Јас и ден денес не разбирам како можело воопшто да се случи врвни политичари од Македонија, познати бизнисмени и други јавни личности да си дозволат да комуницираат со едно лице од сивата зона на финансиските текови. Па тоа е страшно само по себе!

Затоа, велам, најмногу заради медиумот и заради новинарите што работат таму, добро би било Боки финансиски да си се потсреди, за да може да се „круниса“ во легален сопственик на 1ТВ. Вака, круната што ја носи на главата ми личи како да е од тенеќе направена! Како што сега стојат работите, АВМУ, но и други државни органи, имаат право да се сомневаат во легалноста на финансиските текови на телевизијата и да ги испитуваат.
Некој, на пример, би можел да постапи вака.

Претпоставувам дека во АВМУ се води некаква евиденција на минутажата на објавените реклами на секоја телевизија. Минутажата може да се помножи со просечната цена што телевизиите ја декларираа пред почетокот на рекламната кампања за претседателските избори, на пример, па така да се дојде до цифрата на приходи од реклами што секоја телевизија, вклучувајќи ја и 1ТВ на газда Боки, би требало да може легално да ги прикаже (со фактури). Јас се надевам дека Боки тоа го може, се разбира, но видов мекои изводи од завршните сметки што можат легално да се прибават од Централниот регистар и – што да ви кажам…

Во овој момент само ќе речам дека тоа е еден од непотребните ризици на кои се изложува медиумот, кога постои основано сомневање дека има скриен сопственик, а згора на тоа осомничениот скриен сопственик е лице кое нема дури ни обична трансакциска сметка.
Можеби Бојан Јовановски сѐ уште се замислува како недоприлив цар на медиумското небо, неуништлив како бубашваба. Но, го советувам за тоа да почне да размислува во минато свршено време, бидејќи времињата сега брзо се менуваат. Македонија е под сериозен мониторинг за присуство на висока корупција во сите области, вклучувајќи ги и медиумите.

Мислам дека владата на Зоран Заев, полека но сигурно, сфаќа дека е подобро да се дистанцира од ваквите ризични случаи сега, додека политичката цена за тоа е ниска и прифатлива – секое продлабочување на врските на луѓе од власта и од естаблишментот со медиуми со оспорена сопственост и со медиумски „газди“ со чудно финансиско портфолио, носи ризици од избивање на големи и опасни афери и скандали.

Другарките и другарчињата, природно, вака размислуваат – а чуму ни се ваквите ризици, заради една круна од тенеќе?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Се надевам дека нема да ви пречи што ќе ја прифатам и ќе ја поддржам иронијата со која и мене лично ми се обративте на пресот, па во натамошниот текст ќе ве ословувам како Деки.

Героски до Дончев: Дали Заев ве пофали дека сте поербап и од Финансиското разузнавање во Македонија?

Господине Ден Дончев, како што ви ветив, ова е мојот коментар на вашата вчерашна прес-конференција,...

Но, фер е да се каже дека во тие години, на некој начин, водев и „двоен живот“. Во гимназиските денови цел еден четиригодишен мандат бев секретар на младинската организација на општината Карпош.

Героски ја отвори душата: Можев да станам космонаут, ама не сакав

Роден сум во 1962 година во Гостивар, Македонија. Датумот на моето раѓање, 2 февруари,...