Марш. За што? За „правда“. Одозгора на тога, што би рекол Заев, за конечни правни разрешници за поранешните предмети на СЈО. И одозгора на тога, за поддршка на законот кој, види богати, не содржел скриена амнестија за никого. А бе ова вие сериозно?!

Објавил: Стојче Бушин | 17 февруари, 2020 12:41

ГЕРОСКИ: Вие само марширајте денеска, ви се гледа дека чизмите ви се валкани!

Фото/Текст извор: ©Plus info

Со деловничко спорно гласање, Собранието вчера, на својата последна седница во овој состав, на сила го донесе Законот за Јавно обвинителство.

Добро, тоа не е ништо ново. Веќе се навикнавме парламентот за некои важни одлуки да одлучува на начин што буди сомнежи и кој ја засилува недовербата на граѓаните во законодавното тело.

Ние одамна знаеме дека парламентот е претворен во гласачка машина што ја спроведува волјата на партиите од извршната власт. А и таа машина, покрај редовните и обилни „подмачкувања“ не нејзините спорни делови и шрафови, во овие три години постојано некако се клацкаше, чкрипеше и одвај вршеше работа…

Меѓу другите недоветности во новиот законски проект, доминира фактот дека тој сега регулира материја која веќе е регулирана со друг закон.

Станува збор за третманот на нелегално прибавените докази (меѓу кои и на нелегално прислушуваните разговори) во кривичната постапка. Па така, сега е создадена и правна колизија меѓу Законот за кривична постапка, кој забранува било какво користење на вакви материјали во доказната постапка и засновување судски пресуди врз такви „докази“, од една страна, и Законот за ЈО, кој во одделни случаи дозволува, а во други забранува врз основа на „нелегално прислушувани материјали“ да се засновува обвинение.

Правните експерти велат дека ЗКП е „посилен“ од новиот закон, како што судската пресуда е правно „посилна“ од обвинението кое ѝ претходи.

Ако судот суди по словото на законот, сите кривични постапки кои се засновуваат врз основа на нелегално прибавени докази (како што сега, по исклучок, ете, дозволува Законот за ЈО) би морале да паднат на суд. Но, од кога тоа кај нас се суди според словото и според духот на законот?!

 
Владејачките партии и нивните поддржувачи – веројатно тоа ќе бидат главно луѓе собрани од јавната администрација, која деновиве предизборно се полни со свеж партиски кадар – вечерва ќе маршираат пред судовите не за вистинска правда, туку со намера во кусата меморија на гласачкото тело да се зацврсти наративот дека со килавото донесување на новиот и спорен законски проект конечно ќе се создаделе услови за „правни разрешници“ на судските предмети.
На кои предмети? Па се знае на кои, ве молам без глупави прашања!

Власта судовите ги третира како свои прчии. Никогаш не било поинаку, а да бидам искрен, не верувам дека некогаш во иднина тоа ќе се смени.

Еден принципиелен марш пред судовите би можел да биде само крик за независност и за зајакнување на авторитетот на судството, а не поткрепа на ова фингирано владеење на правото. Власта – која, како што слушнавме од устата на самиот поранешен премиер Зоран Заев, имала привилегија да разговара со адвокати на обвинетите, да гледа и да прегледува докази и да донесува заклучоци дали имало кривични дела и за какви дела станувало збор – сега ќе си протестира пред своите прчии.

За што? За „правда“. Одозгора на тога, што би рекол Заев, за конечни правни разрешници за поранешните предмети на СЈО. И одозгора на тога, за поддршка на законот кој, види богати, не содржел скриена амнестија за никого. А бе ова вие сериозно?!

Сега, кога со новиот закон е оневозможено за дел од старите и нови нелегални снимки да се покренуваат нови обвиненија, „правдата“ за која ќе се протестира денеска значи, всушност, обнова на прекиот суд олицетворен во поранешното СЈО.

Сега треба и со протест да се „озакони“ нерамноправноста меѓу граѓаните. Треба да се изврши завршен и силен притисок врз судииите што побрзо да ги процесуираат предметите на СЈО и да ги осудат обвинетите поврзани со поранешниот режим, со цел сегашниот хибриден режим да испорача некаква своја „правда“ и така да победи на изборите.

Жал ми е, другарчиња, сево ова е премногу провидно за било кој пристоен човек најавената парада на лицемерието да ја доживее како искрена борба за правда и за мир. А вие само марширајте. Само да знаете дека се гледа дека чизмите ви се валкани…

БРАНКО ГЕРОСКИ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ти им требаш само за гласање. За друго не те сметаат за човек, туку за бројка на избирачкиот список која постои само додека се гласа. Пред и потоа, ти си никој и ништо за нив. Дали си никој и ништо?!

Латас: Излези, испери го срамот од себе! Гласај против Фамилијата!

Доаѓа денот, еве го. Стани, изми го лицето и облечи чиста облека, да се види убавото од...

Во Европа, ама и на Балканот неможеме да влеземе во ниту една држава, толку демек сме биле заразени – ама за на избори сме си биле таман!!!

МИЛЕНКО: Ако ЗАЕВ дојде повторно на власт, МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ЈА ИМА ЗА 4 ГОДИНИ

Ги возиме последните метри од Македонското рели наречено Антифашистичка борба за...

Очекувам Судот да ја почувствува сугестијата на фактите и доказите кои ги изнесе и докажа Јавниот Обвинител.

МАЈКАТА НА ПИНО СЕКОНДО: Денеска во судницата во Скопје, повторно беше убиен мојот син!

Сакам со јавноста да споделам и пренесам порака, каква одлука и казна очекувам по завршеното...