Дури и во услови на укината вонредна состојба, власта можеше и мораше да обедбеди и да спроведе мерки на живот во вонредни околности. Кој може да ми објасни зошто, на пример, беше толку потребно локалите да работат до доцна во ноќта и зошто е толку тешко младите луѓе да се навикнат да излегуваат и да се дружат до 23 часот. Зошто, на пример, да нема полициски час од 23 часот до 5 часот наутро?

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2020 18:15

ГЕРОСКИ: Вонредна состојба? Да, ама без профитерство, без луксузирање и без глупирање!

Фото/Текст извор: ©плусинфо

Без гласовите на опозицијата, парламентарното мнозинство не може да ги обезбеди потребните 80 гласа за да се потврдат петте одлуки на шефот на државата Стево Пендаровски, со кои тој утврди вонредна состојба во Македонија од 18 март до 15 јуни, поради пандемијата. ВМРО-ДПМНЕ изјави дека нема да гласа за ова и има свои аргументи зошто така ќе постапи.

Дали е тоа исправно? Дали е тоа фер? Конечно, дали е тоа во интерес на граѓаните на оваа земја?, прашува новинарот Бранко Героски во својата нова колумна за Плусинфо.

Премиерот Зоран Заев веќе се изјасни и оцени дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е „неодговорна и спротивна на интересите на граѓаните“. За разлика од Заев, кој изгледа сѐ уште не е излезен од кампањата, првиот вицепремиер Артан Груби, со поумерена реторика, изрази надеж дека дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преиспита одлуката да не гласа за уредбите за вонредната состојба.

Кој е во право?

Како што знаете, јас бев меѓу првите кои пролетва побараа претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба. За време на вонредната состојба, бројот на заразени со коронавирусот беше многукратно помал од сега. Тоа е неспорен факт. Бев и меѓу ретките кои се спротивставија на брзото и непромислено „релаксирање“ на „локдаунот“ и на укинувањето на вонредната состојба. Тврдев и тврдам дека тоа беше сторено од популистички причини, пред изборите, со цел политичарите од власта да им се додворат на избирачите. Се залагав и за одложување на изборите, во надеж дека Македонија ќе успее да воспостави контрола врз ширењето на епидемијата.

Дури и во услови на укината вонредна состојба, власта можеше и мораше да обедбеди и да спроведе мерки на живот во вонредни околности. Кој може да ми објасни зошто, на пример, беше толку потребно локалите да работат до доцна во ноќта и зошто е толку тешко младите луѓе да се навикнат да излегуваат и да се дружат до 23 часот. Зошто, на пример, да нема полициски час од 23 часот до 5 часот наутро?

Не би сакал да ви здодевам со теми за кои жестоко расправавме пред укинувањето на вонредната состојба. Само сакам да кажам дека власта можеше да заведе поголем ред и да остави во сила многу мерки кои ќе ги намалеа ненужните физички контакти меѓу луѓето, а тоа немаше суштински да го намали квалитетот на животот на луѓето. Дали, ако се постапеше така, денеска ќе имавме помеѓу 150 и 200 новозаразени дневно? Мислам дека ситуацијата ќе беше подобра, но тоа никој со согирност не може да то тврди. Сепак, вредеше да се проба, да бидеме поразумни и порационални…

Од тој аспект, јас лично и сега би апелирал ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита својата одлука да не гласа за вонредна состојба. Но, за тоа имам еден многу сериозен услов, без чие исполнување мојот апел не важи. СДСМ и Зоран Заев мора да се соочат со аргументите на опозицијата и конечно да ја променат својата безобразна триумфалистичка и реваншистичка реторика, која може да доведе само до блокада на парламентот секогаш кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ изнесува сериозни обвинувања за поведението на власта во време на вонредната состојба. Партијата тврди дека вонредната состојба била искористена единствено за личен интерес и за полнење на џебовите на одредени функционери од  СДСМ и од владата, вклучително и на џебот на Заев. Можеби и оваа теза е остаток на предизборната реторика, но да не се лажеме сега – сите сме свесни дека во екот на вонредната состојба имаше непродуктивни трошења, луксузирања и безобразлуци. Да, се трошеа и пари за набавка на шкампи и морски плодови за функционерите на СДСМ во владата. Да, во предизборието се поделија и околу половина милион евра на провладини невладини организации. Се направија и други зулуми, токму за време на вонредната состојба и во нејзино име. Се направија и многу грешки што не мораше да се направат.

За сево ова треба да се расправа. Додуша, расправата може да се претвори во нова непотребна кавга, па можеби е паметно и да се избегне. Но, она што не може да се избегне е конечно да се обезбеди сериозна контрола над спроведувањето на вонредната состојба во сите нејзини аспекти – медицински, економски, безбедносен итн. Си земам слобода да му предложам на претседателот Пендаровски да номинира едно независно ад-хок тело, прифатливо за сите страни (за партиите, но и за јавноста), кое одговорно ќе го мониторира спроведувањето на новата вонредна состојба.

Да бидам искрен, без еден таков исчекор, или некој сличен, јас не гледам сериозни причини ВМРО-ДПМНЕ да подлегне пред апелите да се однесува „одговорно“, особено кога апелите доаѓаат од субјекти кои среде најголемата здравствена криза ја докажаа својата неодговорност. Навистина, доста ни е од ова лицемерно лигавење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

На мое големо изненадување, во коментарот на владата на Зоран Заев, што го пренесува државната новинска агенција МИА, нема директно и јасно отфрлање на овој текст.

Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!

Бугарите можат да си мислат и да прават што сакаат, но ние Македонците не можеме и не...

Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство. И не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствувам, и каков јазик ние зборуваме. И на крајот, тоа е европска вредност.

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ! Вели Заев, во Ресен, на 5...