Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јули, 2019 17:31

Героски: “Ги повикувам жртвите на случаите на рекет, храбро да сведочат и да помогнат на Обвинителството”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Новинарот Бранко Героски напиша статус на социјалните мрежи во кој ги повикува жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот.

Новинарот Героски се огласи веднаш по апсењето на Боки 13 и напиша фејсбук статус дека веќе со недели водел своевидна медиумска војна со ова рекетарско зло, поради што бил изложен на многубројни навреди и атаци. 

ОДЛУЧЕН УДАР ПРОТИВ “БОМБАШКИОТ РЕКЕТ”
Акцијата на органите на прогонот е прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекет” во Македонија.
Иако се уште ги очекувам деталите од истрагата, се сомневам дека тоа е причината и за оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Како што е познато, јас веќе со недели водам своевидна медиумска војна со ова зло, поради што бев изложен на многубројни навреди и атаци. Сето тоа ќе се заборави.
Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот. Доста молчевте, господо бизнисмени, додека безобѕирно ве толчеа. Со или без путер на главите, време е да проговорите!
Апелирам и моите колеги новинари да го прекинат заветот на молчење. Отворете уста, колеги, време е!

Ајде, нека дојде сега до израз вистинското истражувачко новинарство. Првиот што ќе се охрабри, јас лично ќе го предложам за европската награда за истражувачко новинарство.

Да потсетиме, Бојан Јованоски уапсен беше уапсен денска поради сомневање за рекет, а полицијата го привела на граничниот премин. Исто така приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги, и само е уште еден доказ за лагите и етикетите, безидејноста и омразата.

Вице Заев: ВМРО ДПМНЕ да ги докаже тврдењата против мене

Братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев, преку писмена реакција до јавноста, ги демантира...

Неговиот коментар доаѓа откако Мицкоски денеска во во интервју за ТВ Сител, коментирајќи ги нападите од поранешни сопартијци и функционери, потенцира дека тоа се луѓе што му помагаат на Зоран Заев.

Мијалков до Мицкоски: Состави Влада или понеси одговорност

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков го...