Но, тие написи не го објаснија мотивот на директорот на ФЗОМ Ден Дончев во 2018 година да врши жестоки притисоци врз угледната шведска компанија „Диаверум“ да се откаже од намерата да ја купи македонската компанија „Диамед“ и да стане вториот македонски оператор на услуги за дијализно болни лица. Тие притисоци на 1 ноември 2018 година кулминирале со формално писмо на Министерството за здравство до шведската компанија, кое содржи суптилни, но јасни закани до странскиот инвеститор. Тоа писмо веќе го објавив, како и одговорот на шведската компанија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 мај, 2020 22:01

ГЕРОСКИ: Дали Ден Дончев, со Зоран Милевски Кичеец како посредник, изрекетирал 824.000 евра од сопственичката на „Диамед“?

Фото/Текст извор: ©плусинфо

Лице блиско до поранешната сопственичка на „Диамед“, во проширена кривична пријава против Ден Дончев, во која е додаден и Зоран Милевски  Кичеец, во писмена изјава доставена до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, тврди дека под уцена им исплатило на двајцата вкупно 824.000 евра по разни основи. Дали ова е една од главните причини поради кои Ден Дончев, сега веќе поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, е под истрага од страна на Обвинителетсвото?-пишува новинарот Бранко Героски.

Остана да виси прашањето зошто воопшто бил нужен овој притисок, кога, како што сведочат самите Швеѓани, во средината на 2018 година и министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев на претставниците на „Диаверум“ им ветиле дека истрагата што се води за наводно скриените сопственици на македонската компанија нема да го засегне концесискиот договор и дека шведската компанија ќе може слободно да работи во Македонија. Зошто на денот на склучувањето на зделката во Македонија, 25 октомври 2018 година, Швеѓаните биле пречекани со честитки од премиерот, но и со студен туш од Ден Дончев, со измешани изјави од кои биле шокирани?“

-За сериозните сомневања за постоење нова рекетарска афера, поврзана со Дончев, пишував во март годинава, но и кон крајот на минатата година. Во медиумите аферата беше наречена „Рекет 2“. Претпоставувам дека сега, по оставката на Дончев, Обвинителството ги интензивирало активностите за утврдување на фактите. Откако обвинителката Вилма Русковска потврди дека против Дончев се води истрага, стана јасно дека неговата одлука да ја напушти директорската фотелја во ФЗОМ сепак е политичка и веројатно има врска и со „Рекет 2“, но и со новите докази за рекетот поврзан со него. Овие нови докази, како што веќе пишував, биле дадени на увид на обвинителите и се толку сериозни, што лидерот на СДСМ Зоран Заев веројатно проценил дека со една таква нова афера на вратот и со Дончев слободен, па уште и на директорска позиција, нема што да бара на избори. Што се однесува до тие нови докази, јас ги немам „инспектирано“, но моите извори тврдат дека станува збор за многу сериозни и цврсти докази, кои експлицитно укажуваат на постоење мрежа за рекетирање на субјекти кои пружаат разни услуги во здравствениот сектор, за кои плаќа Фондот за здравство. Редовната наплата на тие услуги, всушност, била уценета со исплата на кеш на рака на лица, кои потоа парите ги носеле на соодветни адреси. Сумата што јас ја слушнав, во која е опфатен и рекетот за кој имав намера да пишувам во март, достигнува 2 милиони евра на годишно ниво, анализира тој.

Зошто Дончев вршел притисоци?

„Велам, немам увид во тие нови докази, но затоа, пак, располагам со подетални информации за проширувањето на кривичната пријава на оштетената сопственичка на „Диамед“, во врска со аферата „Рекет 2“. Да се потсетиме. Лани во октомври ги обелоденив, а годинава во март и со конкретни докази ги поткрепив наводите од кривичната пријава на сопственичката на „Диамед“ против против директорот на ФЗОМ Ден Дончев и против министерот Венко Филипче. Во таа пријава двајцата се обвинуваат дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик. Се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ги оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија.

Но, тие написи не го објаснија мотивот на директорот на ФЗОМ Ден Дончев во 2018 година да врши жестоки притисоци врз угледната шведска компанија „Диаверум“ да се откаже од намерата да ја купи македонската компанија „Диамед“ и да стане вториот македонски оператор на услуги за дијализно болни лица. Тие притисоци на 1 ноември 2018 година кулминирале со формално писмо на Министерството за здравство до шведската компанија, кое содржи суптилни, но јасни закани до странскиот инвеститор. Тоа писмо веќе го објавив, како и одговорот на шведската компанија.

Остана да виси прашањето зошто воопшто бил нужен овој притисок, кога, како што сведочат самите Швеѓани, во средината на 2018 година и министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев на претставниците на „Диаверум“ им ветиле дека истрагата што се води за наводно скриените сопственици на македонската компанија нема да го засегне концесискиот договор и дека шведската компанија ќе може слободно да работи во Македонија. Зошто на денот на склучувањето на зделката во Македонија, 25 октомври 2018 година, Швеѓаните биле пречекани со честитки од премиерот, но и со студен туш од Ден Дончев, со измешани изјави од кои биле шокирани?“

Целата анализа на Героски, прочитајте ја на ПЛУСИНФО

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...