
Македонија
Фејсбук
Новинарот Бранко Героски по скандалот и навредите кои ги упати директорот на зоолошката градина Скопје до дијаспората по повод Евровизија, сподели статус на социјалните мрежи и упати жестоки критики до актуелниот директор.
Шефот на изборната кампања на Стево Пендаровски и директор на Зooлошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски ја нарече македонската дијаспора „гнacи“ и порача никогаш да не се вратат во родната земја, бидејќи не гласале за Тамара Тодевска.
Што да очекуваш од луѓе што продале сe и избeгaлe од poднa земја? Каква срамота…ццц. Фиром нe им cмeтaл , за северна нe гласале за Тамара. А бе oдзeми им и пacoши и право на глас. Гнacи. Pмбajте пoд тyѓо сонце и плукате по се што вpeди. Hикaд да не се вратите – напиша директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски на својот ФБ профил.
По повод овој срамотен и недоличен статус на Галетановски, кој не му прилега да ја има функцијата директор, реагираа македонците од дијаспората во кој се најдоа навредени од овој срамотен и навредлив статус.
Главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Слободен Печат“, Бранко Героски, исто така реагираше на социјалните мрежи и упати жестоки критики до Галетановски:
Директорот на Зоолошка имал долга историја на неконтролирани испади. Еве еден пример за тоа. Колку и да бул успешен менаџер (како што велат некои), човеков е за метла под итно.
“Гнасиве” смеат ли да доаѓаат во Зоолошка, кога навраќаат во татковината? И смеат ли да праќаат пари во Македонија за своите најблиски?
Другарки и другари, вакви ли “фраери” ставате за директори? Не ви е ли срам? Утре ќе сакате за вас да се гласа заради вакви кадри?
Не сте свесни колку сте забраздиле…
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.