Александар Кирацоски изјави дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, а за Коки мисли дека е Боки 13.

Објавил: Сара Фемина | 21 јули, 2019 8:54

ГЕРОСКИ ДО КИРАЦОСКИ: „Си пишувам разно разни глупости, оти немам попаметна работа„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пратеникот Александар Кирацоски од СДСМ вчера изјави дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, за кој новинарот Бранко Геровски пишуваше дека изнудувал рекет од повеќе бизнисмени заедно со двајцата обвинети Боки 13 и Зоки Кичеец.

Веднаш после изјавата на поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацоски, на социјалните мрежи реагираше новинарот Бранко Героски во кој напиша дека тој си пишува разно разни глупости, бидејќи нема попаметна работа.

Кирацовски: “Геро има таму изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам”. Хммммм… И јас така, си пишувам глупости, оти немам попаметна работа… 😎

Александар Кирацоски изјави дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, а за Коки мисли дека е Боки 13.

Коки? Па веројатно Боки. Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се препознавам, Геро има таму изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам. Не знам. Ти ми се јавуваш и прашуваш ‘Кого препознаваш во Кики’ и тоа мене јасно ми алудира. Дај Боже нека објави Геро дека јас сум Кики па да се расчистиме до крај, како што личи. Инаку ова мене ми личи на инсинуација со одредена намера, вели Кирацовски во изјава за „А1он“, додавајќи дека причините за инсинуација се долги и широки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави Пресинг ТВ, град Скопје склучил договор за набавка на  еден литар лозова ракија и коцки мраз во вредност од 450 денари.

Шилегов купил еден литар ракија и коцки мраз со народни пари

Граѓаните револтирани ја примија веста дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов...

Гратскиот татко истакна дека откако дојде СДСМ на власт конечно започнаа да се решаваат проблемите кои долги години биле ставани под тепих.

Шилегов: Ми викаат многу работиш ама не знаеш да се фалиш!

На денешниот завршен настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“ градоначалникот...

Министерот за внатрешни работи истакна дека во моментот е насочен надруги работи а таа одлука ќе ја донесе СДСМ и треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

Спасовски: За мене е поважен интегритетот на граѓаните отколку дали ќе бидам технички премиер!

“За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како...