Бараме одговорност од фраерите и од курназите, од тие кои со личен пример поттикнуваат неодговорно и ризично однесување на луѓето, додека пандемијата добива нов замав и опасно го загрозува јавното здравје, пишува Бранко Героски во својата најнова колумна.
Ах бре, Зоки Зоруле…
Ах бре, Филипче…
Курназишта едни!
Фраеришта!
Пак ќе воведувале, златните они, вонредна состојба. Ама за сите други, освен за нив и за нивните пајташи и битанги. За нив вонредна состојба никогаш и немало.
Ноќните клубови и кафеаните на нивните другарчиња работат до зори. Малку легално, малку илегално. А локалите на чесните газди мора да ги почитуваат прописите. Да се мачат. И да прават загуби.
Во „фраерските” кафеани и клубови се курчи и се препичуе новата сдсмовска „елита”. Се дефрустрираат. Од напорната битка со критичарите на власта.
Сељачаана збесната!
Простаци неизживеани!
Ах бре, Зоки Зоруле…
Ах бре, Филипче…
Сте се потегнале дури до Кочани да отворите нова кафеана на вашиот градоначалник. Па после се вадите со швалерски финти. Демек, хотелче било објектот. А вие загрижени за развојот на хотелскиот туризам…
Хахахахахаха!
Баш убав пример им давате на младите. Нацијата од вас учи дека среде пандемија се препорачува седење во кафеани и лумпување по ноќни клубови до зори.
Чукнати во главите ли сте?!
Па вие кацигите не смеете да ги симнувате од главите и кога не сте на мотори!
Човек да помисли, враќате долгови на свои спонзори, на свои поддржувачи, на сите што ви помогнале да победите на изборите. Незгодно, ама услуга мора да се врати.
Ама не!
Веројатно има и од тоа нешто, но од авион се гледа дека вие уживате во вашите ролји на фраери. Уживате во јавната демонстрација на моќта, на апсолутната власт неограничена ни од институции ни од какви било скрупули.
Ах бре, Зоки Зоруле…
Ах бре, Филипче…
Ах бре, Стево Пендаровски…
Друже Стево, ти ли бараше вонредна состојба? Имаш ли ти нешто да ни кажеш за поведението на нашиот премиер и на нашиот министер за здравство?
Какви се овие нови „протоколи”, претседателе? Вака ли ќе изгледа новата вонредна состојба, за која морало да гласа и опозицијата? А и сите ние да сме ја поддржеле…Што да поддржиме, ако смеам да прашам? Па не сме сите будали, не сме сите платени кучки, шизофреници и смртоносци од елитата на сдсмовската пропаганда! Немаме сите кациги наместо глави, претседателе.
Нема поддршка за вакви безобразлуци! Не, додека некој не се засрами и не понесе одговорност – морална, политичка и кривична! – за ова неодговорно поведение.
Бараме одговорност, ама не од било кого! Бараме одговорност од фраерите и од курназите, од тие кои со личен пример поттикнуваат неодговорно и ризично однесување на луѓето, додека пандемијата добива нов замав и опасно го загрозува јавното здравје.
Ако не, нема поддршка за ништо. На народот му се бурбати кога ве гледа вака накурчени и распрдени. Лицемери едни!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.